Турското Министерство за енергетика и испрати на Русија предлог спогодба за „Турски поток“

Од:

Министерството за енергетика на Турција на руската страна и ја испрати предлог спогодбата за „Турски поток“ и од неа очекува брз одговор, информира ТАСС.

Руското Министерство за енергетика засега не излезе со коментар на предлогот.

Пред оваа понуда, и Руската федерацина на Турција и испрати две предлог меѓувладини спогодби за „Турски поток“ – за една и за четири линии од гасоводот. Предлозите, се уште, се на разгледување кај турската страна.

На крајот на јули министерот за енергетика на Руската федерација, Александар Новак, изјави дека Руската федерација во период од една до две недели е подготвена да потпише  меѓувладина спогодба за една линија на „Турски поток“. Тогаш беше соопштено дека меѓувладината спогодба за останатите линии од „Турски поток“, што, како што се очекува, ќе доставуваат гас за земјите од Европската унија, ќе биде поделена во друг документ.

„Газпром“ и турската компанија „Боташ“ во декември минатата година потпишаа меморандум за взаемно разбирање за изградба на гасовод од Русија во Турција преку Црно Море. Изградбата на гасоводот му е препуштена на компанијата „Газпром  Рускаја“.

Одлуката за изградбата на гасоводот „Турски поток“ беше соопштена за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Анкара, на 1 декември 2014 година, потсетува ТАСС.

Би можело да ве интересира

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски