„Турски поток“ е одложен поради Русија, а не поради Турција

Од:

Хуриет дејли њуз – Истанбул

Пред скоро 10 месеци, на 1 декемрви 2014 година, рускиoт претседател Владимир Путин го изненади светот со соопштението за сопирање на проектот „Јужен поток“, гасовод кој требаше да биде изграден под Црното Море и преку Бугарија, за да доставува околу 64 милијарди кубни метри природен гас кон европските држави. Наместо тој проект, тој објави договор со Турција за изградба на нов гасовод, овој пат преку Турција и Грција, кој ќе пренесува гас кон европскиот континент.

Потегот на Путин дојде откако Европската унија одби да даде зелено светло за проектот „Јужен поток“, главно од политички причини, по анексијата на Крим од страна на Русија и продолжениот притисокот врз Украина. Една од првите последици од таа нова Студена војна меѓу Русија и западниот блок беше откажувањето од проектот „Јужен поток“, во кој „Газпром“ веќе инвестираше околу пет милијарди долари.

САД и ЕУ воведоа санкции кон Русија по анексијата на Крим и во ваква ситуација немаше начин да оживее друг проект за гасовод од Русија кон Европа. Тогаш дојде идејата да и биде предложено на Турција изградба на нов гасовод, кој ќе ја заобиколи Украина и земјите во околината на ЕУ. Во замена, Русија предложи отстапки за цената на гасот кој и го продава на Турција.

Но, дискусиите во следните месеци не доведоа до резултат, затоа што двете земји не уепеаја да се договорат за условите на проектот, како и за обемот на отстапката. Како што коментиравме пред извесно време, Турција покажа недоволно желба да го придвижи проектот напред, откако рускиот притисок за итно склучување договор беше одбиен.

На крајот, потпретседателот на Управниоот совет на „Газпром“, Александар Медведев, на 14 септември го призна одлагањето на проектот. Но, Медведев ја обвини политичката криза во Турицја за ова одлагање, без да ја спомене глобалната затегнатост меѓу неговата земја и Западот од почетокот на укаринската криза.

Русија испрати предлог договор за проектот на крајот на јуни, за да побара мислење од Турција и потоа да седнат на маса и да го финализираат договорот.

Турција беше под сериозен притисок, како од САД и ЕУ, така и од нејзините регионални партнери, како Азербејџан и други производители на гас, дека тој проект за гасовод би и помогнал на Турција во нејзините амбиции да стане регионален енергетски центар, но претставници од Министерството за надворешни работи беа попретпазливи и истакнаа дека овој чекор би можел да стави крај на целите на државата да привлече ирански, ирачки, туркменистански и уште азербејџански природен гас во Турција.

Побарувачката во Европа не расте до тој степен, што сите тие производители на гас би можеле да склучат договори за достава на гас кон европските пазари, а тоа значи дека сите нивни планови да се отворт кон светот пропаѓаат ако биде реализиран „Турски поток“.

Треба да се истакне дека постојат големи заложби за создавање услови за постигнување договор помеѓу Азербејџан и Туркменистан, со што ќе му се овозможи на туркменистанскиот гас да минува реку азербејџански гасоводи кон Европа, преку Турција. Турција неодамна иницираше тристрана средба за да се разгледаат регионалните прашања, како и за енергетска соработка – напори кои се компатибилни на целите на ЕУ и САД.

Така, главната причина за недостиг на желба кај Турција е тоа што „Турски поток“ би ги направил невозможни другите идни регионални проекти, со кои Турција би станала главна маршрута. „Турскиот поток“ не само што ќе ја изложи на ризик енергетската соработка на Турција со другите нејзини соседки, туку исто така ќе испрати погрешна порака кон останатот дел од светот – особено во предвечеруето на средбата на Г20, на која руската криза ќе биде разгледувана под турско претседателство во Анталија во средината на ноември.

Како што може да се види, реалната причина за одлагањето на „Турски поток“ не е турската политичка криза, туку кризата која Русија ја предизвикува во целиот регион. Една земја која ги користи природните ресурси како оружје против соседите, не може да биде сметана за надежен и уважуван партнер.

Би можело да ве интересира

Трамп телефонски разговараше со Ердоган

Туск ја повика Турција на „вистински прекин на огнот“ во северна Сирија

Ердоган се заканува со поинтензивна офанзива, ако не биде реализирано примирјето во целост

Ердоган: Нема судири во североисточна Сирија

Ана Ололовска

Турција станува главен донатор на Војската на Црна Гора

Ана Ололовска

Турција ја обновила офанзивата во североисточна Сирија и покрај договорот со САД за прекин на огнот

Ана Ололовска

Leave a Comment

4 × four =