Турски инвеститори заинтересирани за купување на загубарот „Охис”. Компаниите „Сарај Холдинг”, „Делта Груп” и МС Енерџи Холдинг здружени сакаат да го преземат некогашниот хемиски гигант, пренесува тв 24 вести.
Денеска на разговори во владата тие доставиле конкретна понуда и неофицијално изразиле задоволство од средбата со владините претставници. Од владата потврдија дека имало разговори со заинтересираните купувачи, но не изнесоа повеќе детали.
Турските инвеститори денеска се сретнале и со претставници на синдикатот. Како што изјавија оттаму за Алфа на средбата турците се информирале за проблемите на вработените при што искажале разбирање. Ветиле дека доколку го преземат Охис, ќе ги исплатат сите заостанати плати и придонеси. Досега имаше 12 неуспешни обеди за продажба на Охис. 800 вработени продолжуваат со протестите со барање за исплата на 20 плати и придонеси за здравствено осигурување.