Турција најавува нафта за Европа од Ирак

Од:

Европските пазари во иднина ќе можат да се снабдуваат со нафта од Ирачки Курдистан, која до Европа ќе се транспортира преку територијата на Турција, изјави денеска турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Танер Јилдиз.

Тој нагласи дека за ова станало збор на средба на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган со претседателот на Владата на Ирачки Курдистан, Нечирван Барзани.

Во моментов 1,5 милиони барели нафта по потекло од регионот на Ирачки Кирдистан се складирани во резервоари во турскиот град Џејхан, во очекување на дозвола за извоз од властите на Ирак, кои бараат дел од приходите остварени од продажбата на енергенсот.

Според Јилдиз, бил постигнат начелен договор приходите од продажбата на нафатата од Ирачки Курдистан да се делат меѓу автомните регионални власти и централната влада во Багдад.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски