„Триглав“ сака да ги купи „Кроација Осигурување“ и српскиот ДДОР

Од:

Словенечката осигурителна компанија „Триглав“ најави дека е заинтересирана за купување на хрватската „Кроација Осигурување“ и српската осигурителна куќа ДДОР од Нови Сад.

Според директорот на „Триглав“, Матјаж Раковец купувањето на двете осигурителни компании од Хрватска и Србија, би ја чинело словенечката групација околу 400 милиони евра.

– На тој начин уделот на „Триглав“ во пазарот за осигурување во регионот ќе се зголеми за 35 отсти, изјави Раковец за словенечкиот бизнис весник „Финанце“.

Раковец оцени дека реализацијата на овие трансакции е условена од плановите на Владата во Љубљана за приватизација „Триглав“, кој е во сопственост на државата. Според овие планови, државата би задржала една четвртина од акциите на „Триглав“, а останатите три четвртини би му биле продадени на инвеститор.

Според Раковец, „Триглав“ има договор со Меѓународниот финансиски центар (ИФЦ), со која се предвидува словенечката компанија да стане осигурителен центар на Југоисточна Европа.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик