Три милиони денари од државата за првата фаза од санирањето на каналот во Сингелиќ

Од:

Министерството за локална самоуправа со три милиони денари ќе ја финансира првата фаза од санирањето на каналот во Сингелиќ, активност што е приоритет број еден за граѓаните на оваа населено место, рече денеска министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу.

На средбата со градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски на која присуствуваше и директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи, Фазлиу ја истакна потребата за тесна соработка на општините со Министерството и на општините со месните заедници. Воедно ја нагласи политиката за рамномерен регионален развој како предуслов за намалување на разликите меѓу општините и населените места кои се изразени, како што напомена, особено меѓу градските и руралните општини, како и меѓу селата.

-Ние сме подготвени со средства од Министерството да помогнеме за реализација на проектите кои се иницираат од граѓаните, а во овој поглед треба да се искористат и можностите со квалитетни проекти кои ќе произлезат како приоритети од граѓаните, да најдат финансиска поддршка од домашни и од европски фондови, рече Фазлиу

Градоначалникот на општина Гази Баба го запозна министерот Фазлиу со активностите и проектите кои се реализирани досега, а кои се однесуваа на инвестициите во инфраструктура, отворање нови капацитети за работа и изградбата на патишта и други активности. Тој особено се задржа на проектот за изградбата на нов објект за општина Гази Баба што се очекува да се реализира во јавно-приватно партнерство, а ги истакна и неколкуте значајни активности во населеното место Сингелиќ, каде за кратко време ќе почне бетонирањето на земниот канал во должина од околу 300 метри.

Министерот Фазлиу, во придружба на претседателот Георгиевски, ја посети и меснатата заедница „Алија Авдовиќ” која сега си доби нов реконструиран објект и има услови за работа за месната заедница, за Канцеларијата за водење на матичните книги и Полициска станица.

Би можело да ве интересира

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал 11 куршуми кон познаник и кон неговата сопруга

Тепачка во Гази Баба: Момче се пресметало со неговите баба и тетка

А1он

Левица: Стефковски ги остави учениците во Гази Баба без бесплатен превоз

Го киднапирале и силувале за долг од 150 евра – кривична за двајца скопјани

Анита Петровска Рајковиќ

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати