Транспортната заедница и ЦЕФТА ја повикуваат Грција да ги изземе возачите на камиони од мерките со Ковид-19

Од:

Транспортната заедница (ТЗ) и Секретаријатот на ЦЕФТА ги повикуваат властите во Грција да ги ослободат возачите на камиони на нафта од новите санитарни мерки што имаат потенцијал да предизвикаат недостиг на есенцијални производи на Западен Балкан.

Мерките против Ковид-19 воведени од Грција на 26 февруари резултираа со подолго чекање од просечното време на границите Евзони / Богородица (Грција / Северна Македонија) и Ктизмата / Какавија (Грција / Албанија). Ситуацијата во Албанија е дополнително отежната поради фактот што Ктисмата / Какавија е единствената гранична точка за премин во моментов отворена со Грција, бидејќи во претходниот период беа затворени и двата други гранични премини, се наведува во соопштението на ТЗ и ЦЕФТА.

Свесни за потребата на властите да преземат соодветни мерки за заштита на јавното здравје и ублажување на притисокот врз здравствениот систем, ТЗ и ЦЕФТА предложија решение што ќе обезбеди континуиран и непрекинат проток на основни добра, придржувајќи се на санитарните правила во Грција.

-Предлагаме возачите на камиони со нафта чија дестинација е Солунското пристаниште, по товарењето, директно да се вратат во базата во Северна Македонија без да ги остават своите камиони додека се на територијата на Грција и целосно да ги почитуваат санитарните услови. Бидејќи растојанието помеѓу граничниот премин Евзони и пристаништето во Солун е 81 км, овој предлог ќе ги минимизира сите ризици што вирусот може да ги предизвика за јавното здравје. Доколку ова решение се покаже успешно, тоа може да се прошири и на други производи и на граничниот премин со Албанија. Во Северна Македонија, неможноста за увоз на нафтени деривати од Солун потенцијално може да доведе до недостаток на нафта, што може да има негативно влијание врз нејзината економија и домино ефект врз целокупната состојба на Западен Балкан. Од почетокот на пандемијата со Ковид-19, Европската унија, Транспортната заедница, ЦЕФТА и партнерите од Западен Балкан работат заедно за решавање на непосредните здравствени и хуманитарни потреби на пандемијата, а истовремено ги поддржуваат социјалните и економските закрепнувања на регионот, изјавија од Транспортната заедница и ЦЕФТА.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески