Тевдовски во Битола: Влезот во НАТО значи безбедност за капиталот на инвеститорите

Од:

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, се сретна со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

„Приоритет на Владата и локалната власт е економскиот напредок. Создавање на Европски општини, со најдобри услови за граѓаните. Клучни во оваа насока се растот на платите и изградбата на клучни инфраструктурни проекти во Битола.Веќе гледаме раст на платите. Новите работни места кои ќе се отворат со влез на Македонија во НАТО и ЕУ ќе прават притисок платите забрзано да растат. Со тоа ќе се подобри стандардот. Мораме да одиме напред за младите да останат овде. Тоа е најважно“ рече Тевдовски.

Министерот истакна дека до крајот на годината ќе заврши изградбата на пругата Битола Кременица.

Обезбедни биле и 70 милиони евра за изградба на локални патишта.

Воедно беше дискутирано и за проблемите со долговите на општините.

„Имаме софтвер за евиденција на обврските преку кои треба да се стави ред во општините. Општините беа оставени со огромни долгови. Тоа мора да го решиме за да бидат ликвидни“, истакна Тевдовски.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина