Тевдовски се сретна со американскиот амбасадор Бејли

Од:

Министерот за финансии Драган Тевдовски, заедно со својот економски тим, денеска оствари средба со амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија Џес Бејли.

Министерството за финансии соопшти дека амбасадорот упатил честитки до Тевдовски за новата функција, министер за финансии, која, како што се наведува, е една од најодговорните во државата.

Тевдовски истакнал дека активно ќе работат на реформи што ќе значат подобро управување на јавните финансии во Македонија, кои ќе резултираат со зголемување на економскиот раст и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

На средбата соговорниците размениле мислења и за глобалните предизвици.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација