Сугарески: Нема да се создаде урбанистички хаос со новиот закон за легализација

Од:

Најавениот нов закон за легализација на дивоградби изградени до октомври 2019 година се уште се дефинира, набрзо треба да биде доставен до Владата, но нема да создаде урбанистички хаос и да овозможи легализација на сите објекти, туку само на тие за кои ќе се исполнат условите, тврди министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Досега со законот е дефинирано дека за легализација на нелегалните објекти ќе може да аплицираат и граѓаните кои ги испуштиле роковите за доставување документација со сегашното законско решение, како и дека ќе се плаќаат комуналии за дивоградбата плус 50 проценти од тој износ како казна, а од таа давачка ќе бидат ослободени лицата од социјален ризик. За оние кои поднеле барање според стариот закон, укажа денеска Сугарески, ќе важат одредбите според кои за легализација се плаќа по евро за метар квадратен.

Сугарески очекува високата цена за легализација со новиот закон наспроти сегашното решение да придонесе да престане градењето на диво. При дефинирањето на законот се разгледува и барањето од архитектите да се дозволи легализација само ако објектот е сеизмички изграден. Се уште се дефинираат одредени работи со Агенцијата за катастар на недвижности, како што се каналските водови, како и со Министерството за животна средина за да биде во целост доставен во Владата и понатаму доколку таа го утврди да оди на гласање во Парламентот. Дефинирани се работите за цената за комуналии плус 50 проценти како еден вид казна, како и тоа дека ќе бидат ослободени лицата од социјален ризик. Работиме интензивно на работите што не се усогласени со цел најбрзо да биде доставен до Владата, рече Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Агенцијата за катастар на недвижности.

Според Сугарески, засега не може да се процени колку нови барања за легализација ќе има затоа што не се знае колку граѓани не ги искористиле роковите со сегашниот закон, но треба да се има предвид инстересот кај општините за легализација со оглед на предвидениот период за легализирање заклучно со октомври годинава.

– Сакам да ги отфрлам сите шпекулации дека со новиот закон ќе се направел тотатален урбанистички хаос. Тоа не е точно и стојам зад тоа тврдење затоа што ќе има дел одредби што апсолутно го регулираат тој дел. Ако ги гледаме сите аспекти од 2017 година наваму драстично е намален бројот на изградба и со ова треба да биде расчистена дилемата за утврдување на правниот статус на објектите, или ќе се легализираат тие што ги исполнуваат условите или ќе се уриваат. Нема секој секаде да може да легализира, таа теза со индигнација ја отфрлам. Тоа нема да се случи. Даваме можност онаму каде што тоа е дозволиво согласно со урбанистичките планови и затоа се правени усогласувања со министерствата за животна средина, за економија, за култура.., рече Сугарески.

На новинарско прашање кога конечно ќе се стопира градењето на диво Сугарески потенцираше дека во Законот за градење многу јасно е дефинирано дека има казни за диво градење, па дури и затворски казни, како и дека треба да се разграничи дека државата легализира инфраструктурни проекти, а општините останатите. – Улогата на општинските градежни инспектори е сериозна и тие треба да ги почитуваат надлежностите што ги имаат. Проценката на една општина дека може со еден или двајца инспектори да функционира е лажна и затоа согласно со систематизациите што ги имаат тие може да примаат инспектори со цел да не настане хаос, наведе Сугарески.

Како што информираше директорот на Катастарот Борис Тунџев со постојниот закон се спроведени решенија за легализација на 245.544 објекти.

Тунџев очекува со новиот закон за легализација да се направи посебен исчекор во легализацијата на инфаструктурните објекти. – Досега многу мал процент од тие објекти е запишан во Катастарот на инфраструктура, атоа посебно е поволност за сите иматели на инфраструктурни објекти, почнувајќи од електроенергетските компании, телекомуникацисите услуги и други професионални компании кои имаат сопствена инфраструктура. Ги повикувам општините да си преземат мерки за сите комунални претпријатија кои се преминати во нивна сопственост, како водоводна и канализациска мрежа, истакна Тунџев.

Со актуелниот Закон беа поднесени над 430 илјади барања за легализација, а во рокот што се продолжуваше во два наврата имаа право да аплицираат сопствениците на дивоградби изградени до 3 март 2011 година.

Би можело да ве интересира

„Се продава културно заградено место до река“: Жител во дивата населба на Бабуна продава плац кој не може да се легализира

A1on

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати

(ВИДЕО) Цело село во црвена зона поради еден објект: Жители на Горно Врановци не можат да си ги легализираат куќите повеќе од една деценија

A1on

Општина Велес нема да ги урива дивоградбите на Бабуна, ќе спречува да никнуваат нови

A1on

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска