Стопирана процедурата за преземање на кипарските банки во Грција

Од:

Процедурата за преземање на филијали на кипарските банки во Грција е стопирана, јавија грчките медиуми.

Наредбата за стопирање, според медиумите, ја дал кипарскиот претседател Никос Анастасиадис, кој нагласил дека прашањето за продажба на филијалите на кипарските банки во Грција се разгледува во пакетот мерки, предвидени со антикризниот план за Кипар, одобрен синоќа од Еврогрупата.

Планот предвидува ликвидација на втората по големина банка, Народната банка и преструктуирање на најголемата финансиска институција во земјата – Банката на Кипар. Овие две банки, заедно со многу помалата Грчка банка, имаат повеќе филијали на грчка територија.

Во петокот беше соопштено дека Пиреос банк, трета по големина трговска банка во Грција ќе ги преземе филијалите на кипарските банки во Грција – односно на Банката на Кипар и Народната банка.

Грчкиот фонд за финансиска стабилност објави дека ја избрал Пиреос банк по спогодбата со Никозија за спас на филијалите на кипарските банки во Грција.

Банката на Кипар и Народната банка во Грција имаат над 300 филијали, во кои работат околу пет илјади лица. Филијалите на овие банки располагаат со капитали, вредни околу 13 милијарди евра, а кредитите кои ги доделиле се проценуваат на 20 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески