Стопанска комора: СЕПА и македонското банкарство

Од:

„Што може да донесе Единствената европска платежна област (СЕПА) за банкарството и за реалниот сектор во Република Македонија?“ е тема на настанот што денеска го организира Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија.

Предавачи на значајни теми од банкарскиот систем ќе бидат Томаз Хладек, виш советник на Претседателството на Чешката банкарска асоцијација и д-р Мартин Кадорик, заменик-извршен директор за услуги за трансакции и плаќања на Комерцијална банка АД Прага.

Претходно е предвидено обраќање на гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов, на претседателот на Здружението на банкарството Ѓорѓи Јанчевски и на неговиот заменик Јитка Пантучкова.

Настанот е организиран во соработка со Европската банкарска федерација (ЕБФ).

Би можело да ве интересира

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

Орце Костов

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност

Стопанската комора со сет барања за дополнителна поддршка на домашниот агросектор