Стопанската комора со сет барања за дополнителна поддршка на домашниот агросектор

Од:

Стопанската комора бара се искористи сегашниот период, да се преструктурира земјоделско прехранбениот сектор, да се искористат фондовите, да се вложи во науката, технологија, иновации, да се зајакне административниот капацитет, Владата да ги послуша потребите на науката и комората, да обезбеди средства, кажаа на денешната прес-конференција во Стопанската комора посветена на „Земјоделско-прехранбениот сектор и ЕУ интегративните процеси“.

Сетот барања комората ги темели по консултациите направени со компаниите, стручната јавност, и од искуствата на земјите кои последни се вклучија во ЕУ. Барањата ќе им помогнат на домашните компании полесно да ги совладаат предизвиците со кои се соочува секторот, намалување на ефектите од климатските промени, на увозот, изедначување на условите на домашните со европските компании, усогласување на правилници, закони, царинските давачки, особено за суровините. Државата треба да посвети внимание и да ги стимулира младите од руралните средини да останат во секторот, со соодветни животни, инфраструктурни услови како во урбаните средини, кредити за семејни фарми.

Јадранка Аризанковска од Стопанската комора рече дека е клучно учеството на комората за кластерот пет со неколку поглавја кои се поврзани со земјоделско-прехранбениот сектор. Во рамките на овој кластер, скринингот за поглавјата, 11, 12, 13, 22 и 33 е завршен, Владата очекува да добие комплетен извештај и што треба дополнително да се заврши. Според Аризанковска, поглавјето 11 земјоделство и рурален развој државата треба целосно да се усогласи со правилата, со заедничката земјоделска политика на ЕУ. Правилата важат за сите земји, креирани се од Европската комора. За поглавјето 12 кое се однесува на безбедност на храна ветеринарни и фитосанитарни политики, унифицирано е и важи за сите земји членки. Тука правилата се ригорозни бидејќи ЕУ го применува слоганот „Од нива до виљушка“. Следното поглавје се однесува на рибарство и за државата нема значење, 22 пак се однесува за регионална политика, координација и внимание ќе се посвети на искористување на ИПА фондови кои веќе се достапни, правилен Рамномерен развој еднакви можности за сите во искористување на ИПА средствата, грижата ќе биде посветена на јакнење на административните капацитети за искористување на фондовите. Поглавјето 33 е за финансиски буџетски одредби генерално за државата голем дел од обврските се однесуваат на агросекторот.

Васко Ристовски, задолжен за овој сектор од стопанската комора вели дека скринингот почнал лани и ќе заврши во ноември. Тој во објаснувањето се осврна на применливоста на заедничката политика, примената и импликациите кои ќе ги има врз домашните компании. Ова поглавје покрива најголем дел од обврзувачки правила вели Ристовски, дел се применливи, нивната правилна примена, контрола од ефикасна администрација има суштинско значење за заедничката земјоделска политика. Потребни се системи, платежна агенција за административни контролни системи и капацитети за спроведување на мерки за рурален развој. Во делот на производи од животинско потекло, важно е усогласување на законодавството со ЕУ, исполнување стандарди, интеграции на АХВ, усогласување на ветеринарни сертификати што е завршено е.

– Во овој дел потребно е да се тргне забраната за движење поради болести кај месната индустрија, што требаше да се направи пред многу години, што е бариера за прехранбената индустрија, поголеми средстава за национални референтни лаборатории, донации и средства за опрема, обука на кадар, за да не користат како сега лаборатории во Европа и земји од соседството, кажа Ристовски.

Во делот на од прехранбени производи од неживотинско потекло државата е усогласена, ама се потребни средства за лаборатории, за испитување на препарати за извоз и увоз на производи, за кафилерија законот за нуспроизводи неодамна е донесен, важна е да се распише тендер, да се избере фирма изведувач. Ристовски го посочи примерот со Хрватска каде таму е изградена кафилерија преку јавно приватно партнерство со ЕУ пари.

За прехранбената индустрија која извезува или произведува за европски брендови, треба отстранување на бариерите за домашни компании кон европскиот пазар. Повикувајќи се на извештаите на ФАО, Ристовски кажа дека е важно да се трансформира земјоделството за подобро производство, квалитет, животна средина и подобар живот. Затоа сите засегнати треба да им помогнат на земјите да преструктуира секторот, а за таа цел е добро да се искористат европските средства.

– По ззавршуавње на ковид наспрема почетокот има 130 милиони повеќе луѓе кои се соочиле со глад, на светско ниво, тој број ќе се зголемува, за таа цел ФАО издвојува 4 милијарди долари до 2030 г. да се вложува во транзиција на земјоделскиот сектор, кажа Ристовски.

За таа цел е важно да се искористат претпристапните фондови, воведување нови технологии, , алатки, платформи да се зајакне националниот капацитет за да задоволат потребите за храна на сите. Особено важно е за земјите со среден и низок приход кои покажуваат јаз кај примена на дигитални технологии и иновации,важно е цируларната економија да има помалку влијание врз животната средина. Во однос на климатските промени, влијанието е на светско ниво, земјоделството е погодено и затоа е потребно да се работи на намалување на ефектите преку примена на технологија, наука повторно преку средства од ЕУ, за да производителите можат полесно да се преориентираат. Но, климатските промени пак дозволија потопли денови, можности за одгледување на одредени култури кои не биле карактеристични за земјава, што бара нови начини на искористување на оваа можност, користење на нови сорти, методи на обработка, органски ѓубрива

– Стратегијата треба да биде определена од влијанието на климатските промени. Овој период на скрининг, давање дополнителни средства треба максимално да се искористи, рече Ристовски.

Како држава, сметаат од комората, наместо пазарно стопанство како ЕУ кај нас се форсира договорно кое ги оптоварува компаниите, со што како што посочи Ристовски се купува социјален мир. Од комората кажаа дека државата треба да вложи во концептот „паметни села“ за да остане работна сила во рурални средни. Предизвик за земјоделството е расцепканоста на површините, што го оневозможува извозот и конкурентноста, за што е потребна соодветна земјишна политика. Според комората ако не се уреди овој дел земјиштето ќе биде купено од странци.

Одговарајќи на новинарски прашања за скапа домашна храна, Ристовски кажа дека причините потекнуваат од осамостојувањето и по воведување на субвенции, климатски промени.

– Што направивме дали се преструктуиравме дали субвенции дадоа развојна или социјална компоннта негативен е одговор, ништо не е направено. Ако еден ден влеземе во ЕУ ќе се соочиме со посилна конкуренција, пропуштен е период од 20 години, движењата во Европа се брзи, треба да се следат, само големите компании можат да ги следат промените, затоа треба да се искористи периодот и овие средствата се искористат за одредени работи треба да се бара пролонгирање што е дозволено, кажа Ристовски.

Повика да се искористи периодот, иако краток, искуствата од други земји, да се послушаат предлози на комората. Тој кажа дека ковидот и војната дополнително ги зголемија цените на енергенсите, семиња, ѓубрива, недостаток на работна сила, што дополнително ги зголеми цените. Ристовски смета дека е потребно да се искористат европските пари и да престанат политичките обвинувања.

Во однос на прашање за маржите и трговијата и преземените мерки од Владата, Ристовски кажа дека комората е на страна на бизнис секторот, ги има податоците и движењата.

– Кога се носат вакви мерки алармираме на овие работи. Не можат тие луѓе од таа страна да знаат се, затоа комората е тука. Која било мерка за комората, кои се причините за проблемите кои се јавуваат и ако евентуално какви било одлуки, закон, правилници, се носи, консултирајте ја компанијата, комората. Претседателот Азески дава изјави дека законите да, треба да се почитуваат, но вели заштитете ја домашната компанија, производство, економија., неправете штета, така ги вадите од кондиција домашните компании кои веќе се исцрпени, последниве пет години од друга страна отворате простор за зголемен увоз, кажа Ристовски.

Уште еднаш повика државата да го слуша гласот на науката и на комората, да се искористат средствата од ЕУ. И комората е во контакт со Европската комисија, комората веќе доставила барања-постепено отварање на структурни фондови, зголемување на ИПА средствата, во делот за конкурентност, иновативност.

– Сите заедно да работиме на зголемување на конкурентските предности на прехранбениот, земјоделски сектор. Во делот на агросекторот имавме серија барања од Европската комисија, за воспоставување таа инфраструктура, референтни лаборатории, уништување стока итн.к ои мора да ги воспоставиме, меѓутоа потребна е техничка помош, трансфер на знаења и финансиска помош, кажа Аризанковска.

Комората бара да се искористат сите начини, да се обезбедат средства за зголемување на конкурентноста на агросекторот во државата.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност

Стопанска комора ќе бара од ЕУ да ги пролонгира роковите за одредени стандарди и регулативи кај бизнисот

Горан Наумовски

Стопанска комора: Владата го повлече Предлог-законот за данок на солидарност, но бараме целосно да се стопира неговото донесување

Стопанска комора: Обемот на соработката во регионот се намалува, компаниите во многу тешка позиција поради неизвесноста

Јовановски: Сега ги плаќаме слабостите во нашата економија од пред 30 години

А1он