Јовановски: Сега ги плаќаме слабостите во нашата економија од пред 30 години

Од:

„Треба да разбереме дека во нашата економија сега излегуваат слабостите, ние сега ја плакаме цената за изминатите 30 години, енергетските проблеми не можат да се решат преку ноќ, но ние гледаме што може да се направи и сега ја релативизираме ситуацијата“, посочи Зоран Јовановски потпретседател на Стопанската комора на денешната прес конференција.

– Во овој момент нема поголем проблем за македонската економија од проблемот со цената на струјата затоа Стопанската комора се фокусираше на ова прашање. Ова не е актуелно само во моментов туку е важно и за нашата иднина. Цената во регионот е пониска од нашата, затоа ги прави нашите компании неконкурентни – посочи Јовановски.

Како што вели тој, на компанија членка на комората, сметката за струја и е шест пати поголема од ланската година. Лани за јули платила еден милион денари, годинава за јули шест.

„Треба да се реагира, очекуваме соодветна реакција од владините претставници. Владата ке го разгледува ова прашање оваа недела, се надевам ќе се согласат со нас за сериозноста на проблемот. Поентата е дека постои можност да се зголеми домашното производство. Пропаѓањето на дел од компаниите креира лоша редица“, вели тој.

Според Јовановски компаниите укажуваат дека се подготвени, а бизнисите во најдобар интерес е да штедат и да ги редуцираат трошоците на минимум.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност

Стопанската комора со сет барања за дополнителна поддршка на домашниот агросектор

Стопанска комора ќе бара од ЕУ да ги пролонгира роковите за одредени стандарди и регулативи кај бизнисот

Горан Наумовски

Стопанска комора: Владата го повлече Предлог-законот за данок на солидарност, но бараме целосно да се стопира неговото донесување

Стопанска комора: Обемот на соработката во регионот се намалува, компаниите во многу тешка позиција поради неизвесноста