Ставрески: Разгледувањето на спогодбата за приклучување кон Јужен поток во завршна фаза

Од:

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески оцени дека е во завршна фаза разгледувањето на спогодбата за приклучување на Македонија кон гасоводот Јужен поток  од руска страна и оти до крајот на јануари треба да добиеме конечен одговор.

– Разгледувањето е во заврршна фаза од страна на руската влада и очекуваме до крајот на јануари идната година да добиеме повратен одговор дека спогодбата е прифатлива и да ја потпишеме. Тоа ќе овозможи да се спроведат останатите активности како што се формирање заедничко претпријатие, изградба на кракот кон Македонија…, изјави Ставрески, одговарајќи на новинарско прашање на паузата на Конференцијата за започнување на проектот „Обука за внатрешни ревизори во јавниот сектор“ (TAIPS) .

Во Анапа, во Русија, потенцира, Република  Македонија беше поканета и присуствуваше на почетокот на изградбата на Јужниот ток и во таа  ситуација повторно разговаравме со Газпром и со претставниците од министерствата за меѓудржавната  спогодба меѓу Република Македонија и Руската Федерација.

Би можело да ве интересира

Путин: Украина се уште добива пари од Русија за транзит на руски гас во Европа

Владата преговара со Американци кои треба да инсталираат гасни постројки во РЕК Битола

Орце Костов

Русите ќе градат голем објект на истокот на БиХ, во Република Српска

Унгарија потпиша нов енергетски договор со Русија

Молдавија повеќе не добива руски гас

ЕСМ за март ќе набави гас од Макпетрол по цена од 60,10 евра