Ставрески: Адвокатите ќе се фискализираат

Од:

Владата го прифати барањето на Адвокатската комора  и на адвокатите за ставање надвор од примена на Законот за адвокатски маркички, со што ќе се овозможи фискализација на адвокатските услуги.

– Министерството за финансии на првата седница на Владата ќе предложи измена на Законот со цел да се стави  вон сила и да се премине на вообичаениот систем на оданочување на услугите на адвокатите во делот на готовинските трансакции преку фискални апарати, а  во делот на плаќањето  преку жиро-сметка тоа ќе се биде вообичаено,  информираше денеска на прес-конференција вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Со тоа, според него,  се излегува во пресрет на  адвокатите со цел да се воспостават еднакви услови на пазарот и функционален систем за практична примена на  даночната  постапка.  Се овозможува, појасни тој, на наједноставен и најтранспарентен начин адвокатските  да бидат изедначени со сите останати интелектуални услуги. На тој начин идентично работат и извршителите, нотарите, стоматолозите, докторите, книговодствените бироа…

– Со ова Владата уште еднаш покажа конструктивност кога станува збор за  разговори со одделни структури во општеството  во насока на изнаоѓање решенија што се најпрагматични, најсоодветни за соодветната фела, а од друга страна сепак  да го заштитиме даночниот систем и плаќањето на даноците да не биде доведено во прашање, односно следењето на плаќањето на даноците,  особено кога станува збор за готовинските плаќања, да се врши преку фискализација и фискални апарати, рече Ставрески.

Би можело да ве интересира

Адвокати, нотари извршители за пет години наплатиле осум милиони евра од ЈП Водовод Скопје, утврди ревизијата

A1on

Граѓани, адвокати и лекари од Велес заработуваат од оштети од каснување на куче, сомнежи дека е вмешана и општината

A1on

Листите на адвокати по службена должност во полициските станици во Скопје стари по 12 години

Едни те исти адвокати и нотари им се омилени на општините

Васко Маглешов

Почина адвокатот Игнат Панчевски

А1он

ВИДЕО: Колку ќаруваат адвокатите блиски до власта од зделките со јавните претпријатија?

Васко Маглешов