ВИДЕО: Колку ќаруваат адвокатите блиски до власта од зделките со јавните претпријатија?

Од:

Стотици илјади евра потрошиле јавните претпријатија и агенции за адвокатски услуги. Услугите се различни, но на листите се вртат имиња само на неколкумина адвокати. Некои од нив по промената на власта, ги замениле нивни колеги.

Адвокатот Мефаил Арслани, кој го брани пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими, во предметот на СЈО, „Титаник 3“ за адвокатски услуги од 2 јавни претпријатија, Aгенцијата за странски инвестиции, за 3 години наплатил над 220 илјади евра. Од оваа сума, 187 илјади евра oд добил од ЈП „Комунална хигиена“. Според податоците од аналитичките картици, средствата му биле исплатени за застапување пред суд, за нотарски платни налози, но и само за адвокатски услуги. Арслани, за кого СЈО поднесе кривична пријава до скопското обвинителство за закани кон обвинителите, најмногу пари добил лани. Од ЈП „Паркови и зеленило“ добил над 21 илјада евра за адвокатски и консултантски услуги. Во двете скопски јавни претпријатија од каде што Арслани наплатил пари, директоруваат кадри на ДУИ. Арслани го побаравме за коментар и телефонски и преку смс, но не одговори.

*Во видео прилогот е направена нанемерна грешка, односно објавено е дека адвокатот Мефаил Арслaни бил ангажиран и од страна на АД Мепсо. Станува збор за ненамерен пропуст, односно Арслани немал и нема договор за адвокатски ангажман со компанијата и нема деловни релации, што значи дека не е плаќано за негови услуги

Агенцијата за странски инвестиции во 2017 година го избрало адвокатското друштво „Де леге“ каде што сопственик е пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска Ванчева. За 2 години ова друштво добило 4 илјади евра за услуги за застапување пред суд. Истото адвокатско друштво доби 48 илјади евра од скопски „Водовод и канализација“.

Агенцијата за енергетика три години ја советувала адвокатката Слободанка Темелкова. Но, од 2017 година, по смената на власта, адвокатските услуги ги добива младиот адвокат Хари Ајцев. За 2 години тој добил 3700 евра. Истиот адвокат е и на листата на ЕЛЕМ. Од таму за 2 години добил над 11 илјади евра.

На врвот на листата институции кои изминатите години најмногу трошеле за адвокати е ЕЛЕМ. За 5 години оваа енергетска компанија потрошила над 3 милиони евра за оваа намена. Од ЕЛЕМ потврдија дека во правниот сектор на компанијата, се ангжирани 8 правници, од кои четворица со положен правосуден испит. По ЕЛЕМ, како најголеми корисници на услуги од адвокати се двете скопски јавни претпријатија „Водовод и канализација“ и „Комунална хигиена“. Објаснувањето на „Водовод“ е дека претпријатието има милионски побарувања од должници, а бројот на адвокати е голем бидејќи за секое побарување над 2.000 денари мора да се ангажира адвокат. Следни на списокот се МЕПСО и Агенцијата за вработување.

Од МЕПСО, каде што исто така работат правници, најмногу приходи добил адвокатот Влатко Ристовски. За 4 години наплатил 75 илјади евра. Тој е на списокот ангажирани адвокати и на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Од таму добил 19,5 илјади евра.

„Ме ангажираше раководството на МЕПСО. Плаќањето е за извршени услуги во согласност со адвокатската тарифа. Не се сеќавам како ме ангажираа првиот пат“, рече Ристовски за „А1 он“.

Лани 3600 евра од МЕПСО добило и адвокатското друштво Костиќ и Велковски, каде работи кумашинот на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, кои биле и на списокот ангажирани преку Агенцијата за катастар на недвижности.

Во неколку агенции и јавни претпријатија, но трошеле значително помали суми за вакви услуги за истиот период. Во АЕК за 5 години ангажирале само двајца адвокати: Ирена Коцарева и Никола Додевски. Тие заедно добиле над 36 илјади евра. Нема податоци за описот на услугата. Адвокати користело и ЈСП Скопје. Најмногу пари добила адвокатката Јасмина Јованов Трајковска. За 4 години наплатила 14,5 илјади евра. Таа била избирана и на тендер пред промената на Законот за јавни набавки, но и потоа. Надица Бадева Ќортошев наплатила над 70 илјади евра од Агенцијата за цивилно воздухопловство за ангажман од 2014 до 2017 година. Описот на услугата е адвокатски услуги. 9 и пол илјади евра од Централниот регистар за 1 година наплатило адвокатското друштво Тошиќ и Јефтиќ, кои добило 8 илјади евра и од Агенцијата за млади и спорт. АВМУ две години по ред, пак, користи услуги само на еден ист адвокат – Златко Колевски, кој вкупно добил над 8 илјади евра за правна помош и правни мислења.

Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, не потрошиле ни денар за адвокати. За разлика од останатите јавни претпријатија и агенции одговорија дека оваа институција е самостоен државен орган и дека пред судовите ја застапува државното правобранителство. И кај Агенцијата за администрација ставката за адвокатски и правни услуги е 0.

Кај некои од јавните претпријатија и агенции се забележува тренд на поголеми трошоци за ангажирање адвокати во изминатите 3 години. Таков е случајот со МЕПСО. Во 2017 година во скопски Водовод биле ангажирани седум адвокати, а во 2018 година кога директор станува Душко Весковски од СДСМ бројот се зголемил на седумнаесет, но сумата за адвокати е идентична. Слична е ситуацијата со ЈСП Скопје.

Според адвокатска тарифа, адвокатот и странката можат слободно да ја договорат наградата и трошоците како и начинот и средствата за плаќање, но не пониско од предвидените суми.

Васко Маглешов / Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лога призна дека го упропастија судството, сега е време цела влада да си даде оставка

Предраг Петровиќ