ССК во Сиднеј на Светскиот коморски конгрес

Од:

Бизнис делегација на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), ден пред почетокот на престижниот 10. Светски Коморски Конгрес, кој годинава се одржува во Сиднеј од 19 до 21 септември оствари официјални средби со Амбасадорот на Република Македонија во Австралија, Веле Трпевски и претседателот на македонско – австралиската стопанска комора Ѓорги Михајлов.

На средбата одржана со извршниот директор на ССК, Александар Зарков и претседателот на Туристичко угостителската комора, Аркан Керим се дискутираше за потенцијалите за соработката меѓу компаниите од двете земји, преку размена на искуство, заеднички вложувања како и за влез на поголем австралиски капитал во Република Македонија. Македонските бизнисмени од Австралија инвестираат во нашата земја претежно во секторот градежништво, а се извезуваат претежно прехранбени производи. Исто така, беше нагласена и потребата за збогатување на туристичката понуда на Македонија за дијаспората.

Делегацијата на ССК, учествува и на конференциите во рамки на Светскиот коморски конгрес, кои се организирани пред официјалното отворање на конгресот. Од истакнати експерти во Австралија од бизнисот и науката беа презентирани можностите за зголемување на економската соработка и инвестиции меѓу Азија, Австралија и Европа, со посебен акцент на унапредување на економското поврзување за глобален успех во трговијата, преку анализа на најбрзо растечките сектори, согледување на нивните предизвици и можности за вмрежување и поврзување на бизнис лидерите од регионот. Австралија е земја во која услужниот сектор е повеќе од 70% од нивниот БДП, потоа следат секторите туризам и образование.

Исто така, делегацијата на ССК, учествуваше и на Конференцијата во организација на Азиско пацифичките комори за трговија и индустрија (CACCI) во чии рамки високи претставници на државниот и приватниот сектор на 6 засебни тркалезни маси дискутираа на значајни прашања од областите: вода, енергија и животна средина, храна и земјоделство, здравје и едукација, олеснување на трговијата, ИКТ, како и развој на мали и средни претпријатија.

Во пресрет на официјалниот старт на 10. Светски Коморски конгрес, Сиднеј е центарот на бизнис лидерите од петте континенти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион со заглавени тркала слета на аеродром во Австралија

Катерина Ѓуровски

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он