Синдикатот на ЈП „Водовод и канализација“ е против укинувањето на надоместокот за успешност

Од:

Самостојниот синдикат при ЈП „Водовод и канализација“ кој е во состав на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), остро реагира на изјавата на директорот на Јавното претпријатие, Душко Весковски, во која ги искажува своите намери за укинување на 10 отсто од платите кои се исплаќаат во претпријатието за успешност на вработените. Од синдикатот наведуваат дека овие 10 отсто произлегуваат од правилникот за плата и надоместоци за плати, како и од колективниот договор уште од формирањето на ова претпријатие во 1992 година.

„Потенцираме дека овие 10 проценти од платата се пресметувани согласно правилникот за плати и надоместоци на плати на работно место на ЈП ‘Водовод и канализација’, каде е утврдено дека платата на работникот е составена од основна плата и дел од плата за работна успешност, односно мотивација или стимул во тековниот месец. Во никој случај не се работи за награда, туку за дел од платата. Овој стимулативен дел од платата се одзема на оние вработени кои не покажале успешност и ефикасност во работата“, се вели во реакцијата на синдикатот.

Од таму наведуваат дека политиката на директорот очигледно не е во насока на подобрување на стандародот на работниците и претходно ветените плати, туку во насока на еднострано прекршување на колективниот договор на штета на работниците.

„Се надеваме дека ваквата изјава на директорот на ЈП ‘Водовод и канализација’ нема да се преточи во одлука и дека сите недоразбирања конечно ќе почнат да се решаваат преку социјален дијалог и партнерство, во спротивно синдикатот ќе биде принуден да ги преземе сите легитимни мерки во одбрана на работниците и нивните права“, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он

Протест на жителите на Чифлик: Бараат чиста вода за пиење и канализација

Катерина Ѓуровски

Педесетина компании заинтересирани да ја градат скопската пречистителна станица вредна 136 милиони евра

Жарко Настоски

Скопски Водовод апелира да се штеди водата во летните месеци

Жарко Настоски

Тетово и утре без вода, отстранети се дел од дефектите

А1он

ЈП Водовод и канализација – Скопје нема да ги чита водомерите внатре во објектите и нема да исклучува