Тетово и утре без вода, отстранети се дел од дефектите

Од:

Водоснабдувањето почна да се нормализира, но и утре трет ден по ред ќе има прекини во одредени делови на Тетово поради потребата се уште да се работи на отстранување на дефектите поради кои од вчера вода за пиење овие два дена немаше во 90 проценти од градот.

Според инфорамациите од работната единица „Водовод и канализација“ околу 17 часот комплетно е саниран дефектот на цевката Ф300 на улицата Цветан Димов.

-По промена на цевката ноќеска, денеска во текот на денот се изврши интервенција на спојката на две цевки од каде имаше истекување. Откако завршивме со тоа, направиме мапирање на градот и проценките се дека во 85 проценти во градот има нормализирање на снабдувањето, додека во 15 отсто се уште нема вода. Системот се уште се полни со вода од изворите така да стабилизирањето на состојбата односно водоснабдувањето ќе се нормализира и во текот на наредните часови во одредени места, изјави Љуљзим Шаќири од Водовод и канализација.

По санирање на дефектот на улица „Цветан Димов“ работите на дефектите се прекинати поради потребата да се направи контрола на дотокот и протокот на вода.

-Утре ќе има повторно прекини во водоснабдувањето поради тоа што екипите беа ангажирани повеќе од 24 часа и се преморени. Утре ќе се санира дефектот кај Шарена џамија, информираше Шаќири.

Во текот на вчерашниот ден повеќе од 12 часа беа потребни за да се ископа отвор и да се смени 4,5 метри долга цевка Ф300 на улица „Цветан Димов“. 

Би можело да ве интересира

Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Катерина Ѓуровски

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

Фирмата на семејството Дестани која требаше да ја гради фабриката за автомобили во Тетово оди во стечај

Орце Костов

Кривична за екс директор на ПИОМ Тетово – вработувал и давал плата на лица кои не ни доаѓале на работа

Тетовка излажала познаник дека ќе се венчаат, па го ограбила

Горан Наумовски