Седум нешта кои можеби ги мислите за парите и кои се сосема неточни

Од:

Кога станува збор за парите, општата мудрост можеби нема многу да вреди. Не паѓајте на овие општоприфатени митови.

1. Ако сакате да заштедите пари, држете се до планираниот буџет

Ова постоајно го слушаме и се чувствуваме виновни затоа што не сме ги слушале советите на нашите дедовци. Но истражувачите од Универзитетот Бригам Јанг и од Универзитетот Емори откриле дека правењето буџет понекогаш може да биде штетно. Тие спровеле истражување и откриле дека луѓето кои купувале со ограничен буџет „фркнале“ 50 проценти повеќе пари на едно нешто, отколку потрошувачите кои немале планиран буџет.

– Резултатот секогаш е ист – стремеж за поквалитетно, поскапо нешто, вели Џеф Ларсон, коавтор во студијата.

„Најизненадувачки аспект во оваа студија беше дека процесот на одлука кај луѓето може толку лесно да се смени. Едноставно да се запрашате: Еј, колкав е мојот буџет за овој производ? сосема го менува вашето размислување“.

Ларсон објаснува дека кога потрошувачите купуваат нешто со пресметан буџет, дека  стремат да гравитираат на цената на тоа нешто кон крајните граници на буџетот. Па кога некој има илјада долари за телевизор со рамен екран, тие намерно ги скокнуваат поевтините модели и бараат телевизор кој чини помеѓу 800 и 1000 долари – без и да ги погледнат карактеристиките на тој телевизор.

Тој забележал дека потрошувачите можеби подобро ќе поминат ако го базираат нивниот избор врз квалитетот и карактеистиките пред да ја погледнат цената. па наместо да се решат дека ќе бараат телевизор во рамкиите на 1000 долари, треба да почнат да мислат: „Сакам 42 инчен телевизор“ и од таму да почнат да ги проучуваат цените.

2. Колку повеќе заработувате, толку сте побогат

Можеби вие мислите дека ова е голема мудрост, но излегува дека е сосема погрешно.

Стивен Голдбарт, коавтор на книгата „Афлуентна интелигенција“ и коосновач на Институтот Пари, Значење и Избори, објаснува дека колку повеќе заработуваме, некои од нас повеќе и ќе трошат.

„Кога луѓето добиваат повеќе пари, тие скоро веднаш почнуваат да купуваат нешта кои сметаат дека отсекогаш ги посакувале, наместо да размислуваат колкав процент треба да стават настрана, и за последиците од менувањето на нивните трошаџиски навики“.

Добитниците на лотарија се најпознати примери како ова функционира. Тие имаат најмногу шанси да банкротираат отколку луѓето кои никогаш не освоиле никаква награда. Кога ќе се пензионираат, фрапантни 78 проценти од играчите во НФЛ банкротираат за пет години, но и играчите од НБА не поминуваат нешто подобро: 60 проценти од нив „соголуваат до папок“ за пет години откако ќе престанат да играат. Претераното трошење се смета за најголема причина за финансиските стресови на елитните спортисти – тие вообичаено трошат како луди, и ги горат сите свои заштеди според алармна стапка.

Кога добивате голема плата, тешко дека ќе размислувате дека годините кога најмногу сте заработувале не траат вечно.

3. Кога ќе се пензинирате, не ја чачкајте главнината и живејте само од каматите.

Хм, тоа би било фино и можеби им одел од рака на вашите родители, но нема шанса да функционира за вас, делумно затоа што дивидендите и каматите не се исти како што некогаш биле. Кога пензиите исчезнуваат и исплатите од Социјалната сигурност не се доволни за покривање на трошците на постарите лица, а да не спомнуваме за сомнителниот пазар на трудот, многу од нас ќе треба да станат покреативни за да смислат како комотно да се пензионираат, дури и ако сме биле во можност да собереме нешто во 401 (к) (даночен план за поврат за оние кои заработуваат минимално годишно до 17,500 долари).

Марк Фридмен, авторот на „Пензионирање за генијалци“, упатува на она што се нарекува „пристап за целосен поврат“. Штосот е да самите да си дадете чек во вашите златни години. Ако успеете да заштедите доволно за инвестициско портфолио, тогаш ќе можете да си ставите пет до осум проценти од вашата инвестициска сметка во кеш. Тогаш, еднаш месечно ќе си имате чек за предвремено повлекување од кеш сметката и да ги вложите во вашата сметка која се проверува. Како што количината на кешот осиромашува за три до пет проценти од вредноста, вие ќе го ребалансирате портфолиото и ќе ја пополнувате кеш сметката. За ова треба повеќе внимание и вежбање, да речеме, од ануитет, но тоа исто така може да биде и исплатливо.

Други стратези го препорачуваат она што се нарекува „пристап кофа“. Тоа значи дека ќе направите збир од сметки, создадени од кеш и други проточни приходи, кои ќе ги покријат вашите краткорочни потреби за приходи. Тогаш може да си земете од тоа што ќе остане и постепено да го инвестирате во погаресивни инвестициски двигатели.
Во секој случај, живеењето од камати е едноставно фантазија за многу луѓе денес.

4. Парите нема да ја купат вашата среќа

Всушност, тие и можат да купат барем дел од среќата за некои од нас.

Истражувачите од Универзитетот Принстон откриле дека ако припаѓате на групите на ниско или средно приходни граѓани, вашиот живот може да се подобри ако заработувате повеќе. Зголемувањето на платата и среќата зголемени со иста стапка без разлика на економската класа: пораст на платата од 20 проценти ја зголемува среќата со исто толкава  стапка и кај ниско и кај средно приходните луѓе.

Скоковите во приходите исто го подобруваат „емоционалното задоволство“ кај луѓето – слика за подобрување на квалитетот на нивниот секојдневен живот. Овој ефект се смета за точен се додека не ја стигнете точката од 75,000 долари (годишно). Од друга страна, заработувањето над 75,000 долари не прави ништо за подобрување на дневните атрибути на субјектот. При пад на платата под 75,000 долари годишно, луѓето се под повеќе стрес и се помалку среќни.

Друго интересно нешто кое истажувачите од статистика во Сан Франциско го откриле е дека старата изрека дека купувањето искуство наместо предмети со нашите пари ќе не направи посреќни, можеби и не е вистина. Тоа вистински зависи од автентичноста на искуството. Ако вашите приходи одат нагоре и вие решите да купите билети за опера, освен ако навистина не уживате во музиката таквиот трошок нема да ве направи посреќен. Всушност, може да се чувствувате полошо. Финтата е да се трошат пари на нешта кои вистински ќе го одразуваат тоа што сте. Ако сте љубител на кошарка, купете си билет за натпревар. Ако ја сакате водата, трошете пари на едрење. Да го направите она што мислите дека треба да го правите со парите е само скандалозно.

5. Не вреди да собирате купони

Луѓето од mint.com заклучиле дека ако сте целосно насочени кон ова, тогаш собирањето на купони навистина вреди.
Ова доаѓа со неколку стапици. Треба да го избегнете предизвикот да купувате повеќе отколку што ви треба. Од Минт предлагаат при рака да чувате тримесечна залиха од трајна храна и зачини, а да ги купувате кога ќе бидат на попуст или кога имате купони наместо да бидете присилени да ги купувате само кога ви требаат. Тие исто предлагаат да проверите дали купоните ви заштедуваат повеќе отколку што вие би заштедиле ако треба редовно да купувате.

Но вистинската тајна е во таканареченото „трупање на купони“. Тоа значи дека сте собрале повеќе од еден купон за еден ист производ. На пример, собирате купон од произведувачот и купон од продавницата за иста кутија со житарки. Минт забележува дека исто можете да користите е-купон и печатен купон за еден ист производ.

Да, ќе ви треба извесно време да соберете и да ги подредите купоните, но едно истражување покажува дека луѓето кои потрошиле десет или помалку минути сечејќи купони, заштедуваат во просек по седум долари од својата неделна потреба за намирници. Тоа не е толку лоша саатница за вашето потрошено време.

6. Купување ваш дом е подобро отколку изнајмување

Ова навистина зависи од многу фактори, како што е колку долго планирате да останете во домот и други деталит за вашиот кредит/хипотека. Но секако дека не е целосно точно дека ја купувате најдобрата понуда. Вол стрит џорнал објави дека на многу места – меѓу кои се и големите метрополи како што се Феникс, Остин и Сакраменто – изнајмувањето е поевтина варијанта.

Повеќето луѓе мислат дека инвестирањето во свој дом се исплатува со текот на времето, но финансиската криза покажа дека вредноста на вашиот дом може брзо да летне удолу, и ако ова се случи во време кога сакате да продадете, добро ќе настрадате. Кога ќе ја земеме во предвид трошокот од купувањето наспроти изнајмувањето, многу луѓе не ги премсметуваат и трошоците од нештата како одржување, даноци на имот и поправките.

Ако изнајмувате, пофлексибилни сте во смисла на мобилност, што може да биде клучно ако прифатите повисоко платена работа. А затоа што многу од оние кои изнајмуваат месечно плаќаат помалку од оние кои купиле, тие можат да инвестираат дополнителни пари, исто како и парите кои би ги искористиле како отплата на кредит.

7. Можете да заштедите на горивото, но не и ако ја пуштате климата во автомобилот

Сте слушнале за ова? Да се надеваме дека не се препотувате многу околу ова, затоа што според Конзјумер рипорт, ова е голем мит.

Вклучувањето на климата во автомобилот не значи и трошење повеќе гориво во моторот, и само малку ја зголемува економичноста на трошењето на горивото. На повисока брзина (над 90 километри на час), спуштањето на прозорецот може да ја зголеми потрошувачката на гориво до 20 проценти, во завиност од аеродинамиката на автомобилот. Сепак експертите велат дека кога само бавно возите низ град, најверојатно ќе потрошите помалку гориво ако го спуштите прозорецот отколку и ако ја исклучите климата. Вентилаторт не влијае врз економичноста на горивото, и затоа слободно вклучете ја климата. И паркирајте се во сенка.

Алтернет

Би можело да ве интересира

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски

Најбогатиот човек на светот има имот од 233 милијарди долари

Кривична пријава за пет лица поради фалсификување пари

А1он

Студент ставил „мито“ од 10 денари во индекс – добил десетка

Анита Петровска Рајковиќ

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација