Ромпуј: Чешка не ги исполнува условите за воведување на еврото

Од:

Претседателот на Европскиот совет (ЕС) Херман Ван Ромпуј при денешната посета на Прага изјави дека Чешка не ги исполнува условите за влез во еврозоната и воведување на еврото како национална валута, јави дописникот на МИА од чешката метропола.

Според Ромпуј, ова прашање не е „проблем кој треба да се реши денеска“ и за тоа треба земјата да одлучи согласно нејзиниот уставен поредок.

– Свесно, политиката на мојата Влада е да не се одредува конкретен датум за влез на земјата во еврозоната, рече чешкиот премиер Петр Нечас, повторувајќи го ставот дека флексибилниот курс на чешката валута, круната во моментот е предност за чешката економија и за прием на еврото како национална валута ќе се одлучува на референдум.

Чешкиот претседател Милош Земан неодамна порача дека Чешка за пет години би можела да ја воведе заедничката европска валута. Нечас во врска со ова додаде дека за економската политика на државата одговара Владата, а не претседателот.

Во врска со финансиската криза во Европската унија, Ромпуј смета дека најлошата фаза е завршена иако кризата се уште трае.

– Европската унија сега мора да ја решава рецесијата и невработеноста, подвлече претседателот на ЕС.

Би можело да ве интересира

Доларот зајакна во однос на еврото

Бесљими: Ние сме за преоден рок, нема да има казна за користење динари

ЕУ бара разјаснување и ги анализира мотивите на Косово за прогласување на еврото како единствена валута

А1он

Косово го воведе еврото како единствена валута

Анита Петровска Рајковиќ

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски