Романскиот министер за финансии не гледа причина за нов договор на Романија со ММФ

Од:

Романскиот министер за финансии изјави дека не гледа причина за продолжување на договорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со Романија, што истекува во септември идната година.

– Според мене кон крајот на месец септември, кога истекува сегашниот договор, не гледам причина за негово продолжување, изјави министерот за финансии Дариус Валков.

Според Валков нов договор со ММФ не е приоритет и Романија е доволно стабилна да се справи без да добива насоки.

Романија има двегодишен превентивен договор со ММФ и ЕУ во вредност од четири милијарди евра. Тоа е трет по ред договор за Романија од почетокот на економската криза во 2009 година. Романија потпиша двегодишен стенд-бај договор во вредност од 20 милиојарди евра, а по неговото завршување во 2011 година Букурешт потпиша нов договор на две години во вредност од пет милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Романец предизвикал сообраќајка, па се фрлил во каналот Дунав-Црно Море

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО