Регулаторна: Не мора Макпетрол, конкуренцијата ќе го снабдува пазарот со нафта

Од:

Регулаторна комисија се огласи во врска со случајот со Макпетрол:
Пазарот со нафта и нафтени деривати, е дефиниран со Законот за енергетика, како и другите подзаконски акти кои ја дефинираат оваа проблематика.

Учесници на пазарот со нафта и нафтени деривати се: трговците на големо со нафта и нафтени деривати, складиштарите со нафта и нафтени деривати, производителите на нафтени деривати, производителите на биогорива, производителите на намешани горива (биогорива со фосилни горива) и транспортерите на сурова нафта и нафтени деривати преку нафтовод, односно продуктовод.

Наведените дејности може да ги вршат домашни и странски лица врз основа на издадени лиценци од страна на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија.

Во рамките на овој сектор се врши увоз и извоз на сурова нафта и нафтени деривати, транспорт на сурова нафта низ нафтовод, преработка на суровата нафта, производство на биогориво, дистрибуција и продажба на нафтените деривати. Согласно Законот за енергетика, трговска дејност за која се издава лиценца е дејноста Трговија на големо со нафта и нафтени деривати, додека трговската дејност Трговија на мало со нафтени деривати или продажба на нафтени деривати од бензински станици, не е лиценцирана дејност и не е во надлежност на Регулаторната комисија за енергетика.

На територијата на Република Македонија има вкупно 280 бензински станици, од кои 124 се во сопственост на Макпетрол АД Скопје. Досега од страна на Регулаторната комисија за енергетика издадени се 49 лиценци од областа на нафтата и нафтени деривати, од кои 34 од нив се однесуваат на дејноста Трговија на големо со нафта и нафтени деривати.

Со ваквата поставеност, пазарот со нафта и нафтени деривати е либерализиран, односно овозможено е учество на повеќе учесници на пазарот и се создадени услови за поголема конкуренција на истиот.

Иако сме увозно зависни од овој енергент, можноста за увоз ја имаат сите овие лиценцирани 34 Трговци на големо со нафта и нафтени деривати, кои преку трговците на мало (бензинските станици) ги пласираат нафтените деривати до крајните потрошувачи.

Со оглед на тоа што, на пазарот со нафта и нафтени деривати има присутно повеќе учесници, односно вршители на енергетски дејности, конкуренцијата ќе овозможи понудата соодветно да одговара на побарувачката, и со тоа состојбата во овој сектор да биде стабилна.

Во отсуство на еден или повеќе трговци на големо со нафта и нафтени деривати, може да настапат останатите трговци кои поседуваат лиценции за да го искомпензираат, односно да го надополнат отсуството на вршителите кои не ја вршат или не можат да ја вршат дејноста за која им е издадена лиценцата од било кои причини.

Пазарот со природен гас, исто како и пазарот со нафта и нафтени деривати е либерализиран. Регулаторната комисија за енергетика досега има издадено 29 лиценци од областа на природниот гас, од кои 15 од нив се однесуваат на дејноста Трговија со природен гас. Оваа бројка јасно кажува дека и во услови на не целосно експлоатиран гасоводен систем, заинтересираноста за вршење на оваа дејност е голема.

Отсуството на еден од трговците со природен гас, може да го надополнат другите трговци со природен гас, кои во такви услови ќе настапат на пазарот“, се вели во известување од Регулаторната комисија за енергетика по повод најновите настани поврзани со „Макпетрол“.

Би можело да ве интересира

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

Орце Костов

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана