Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана

Од:

Едно златно одличје и две бронзени освоија каратистите на „Макпетрол“ на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 што неодамна се одржа во Љубљана.
Витомир Трајковски се закити со златен медал во тежинската категорија -84 килограми, а Стефан Стојановиќ се пласира на третата позиција во +84 кг. Јована
Мицовска, пак, со женскиот тим во борби освои бронза.

Каратистите на „Макпетрол“ ги освоија медалите во највозрасната категорија на помлади сениори (У21). Трајковски во категоријата до 84 килограми во У-21 извојува пет убедливи победи, а во финалето славеше 3-1 против Михајло Василиќ од Србија. Ова е нов успех на членот на „Макпетрол“ по бронзениот медал што го освои на Светските игри на боречки спортови во Ријад, Саудиска Арабија, во конкуренција на Топ 8 спортисти. Тој е прворангиран и на Светската ранг листа на Светската карате федерација (WKF).

Стојановиќ (+84 кг) во борбата за бронзата славеше против Антон Баждариќ од Хрватска со 4-1, а во полуфиналето загуби минимално од Немања Јововиќ од Црна
Гора со 1-2. Македонија на најмасовното и најквалитетното регионално првенство настапи со 102 каратисти, односно 108 натпреварувачки влезови. На Балканското првенство настапија рекорден број од 1007 каратисти со 1078 натпреварувачки влезови од 13 држави.

Би можело да ве интересира

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

Уплатата и испораката на екстра лесно масло за домаќинства EL-1 од „Макпетрол“ почнува на 16 октомври