„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Од:

Во пет општини со околу 40 основни училишта неколку илјади ученици се здобија со знаења за булингот во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничкото насилство“. Работилниците, предводени од психолог со долгогодишно практично искуство со проблемот, се наменети не само за младите, туку и за стручните служби во училиштата, како и за родителите. За секоја од овие образовни установи „Макпетрол“ обезбеди и печатен едукативен материјал.

– Врсничкото насилство нè засега буквално сите, почнувајќи од децата, како најдиректни сведоци, сторители или жртви, преку родителите до вработените во образовните установи, но и во останатите институции кои преку своите надлежности можат да се вклучат во препознавањето и во решавањето на овој проблем. Цврсто сме уверени дека и компаниите, особено тие како нашата, за која што општествената одговорност е стратешка цел, треба да изнајдат начини како можат да придонесат за да се подобри ситуацијата со булингот и токму затоа одлучивме да ја реализираме оваа кампања. Благодарни сме на сите кои што ја препознаа таа вредност и ни се придружија, а секако, оние што сакаат да се вклучат можат да нè контактираат, бидејќи активностите ќе продолжат и во следниот период – вели Марија Јосифовска-Спасовска, член на Управен одбор и директор во „Макпетрол“.

До крајот на 2023 работилниците ќе бидат комплетирани во Центар, Аеродром, Гевгелија, Гази Баба и во Кисела Вода. Во 2024, истите ќе бидат реализирани и во училиштата од Ѓорче Петров, Карпош, Демир Капија и во Куманово, општини со кои „Макпетрол“ веќе потпиша меморандуми за соработка. Интересот за кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“ е значителен и се очекува приклучување на општини, односно училишта, и во следната година.

На работилниците, децата имаат можност од психолог да се запознаат со проблемот со булингот, односно со неговите форми како физичко, вербално, односно, психичко, социјално и сајбер-насилство. Во овие едукативни средби учествуваат и стручните служби кои што се здобиваат со знаења што можат да ги применат во секојдневната настава.

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ ќе биде активна и во следниот период. Сите објавени комуникациски материјали, како едукативни спотови, епизоди од анимираната серија „Биби и Боби“, брошури наменети за деца, родители и за наставници и понатаму ќе бидат достапни на социјалните мрежи, како и на вебсајтот kreniglas.mk. На оваа платформа и натаму, секој што имал некакво искуство со булингот, ќе има простор анонимно да ја сподели личната приказна. Дополнително, преку интерактивни тестови, сите можат да препознаат дали биле сторители, жртви или набљудувачи на врсничкото насилство.

Преку кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“ се реализира еден од стратешките приоритети на „Макпетрол“ – општествената одговорност. Целта е да се зголеми јавниот интерес за проблемот со булингот.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

Уплатата и испораката на екстра лесно масло за домаќинства EL-1 од „Макпетрол“ почнува на 16 октомври