Размената на форинти

Од:

Своевремено ова изгледаше дека има смисла. Пред финансиската криза, каматните стапки беа многу пониски во Швајцарија отколку во централна Европа, па милиони Унгарци, Пољаци, Романци и Хрвати земаа заеми во швајцарски франци за дома да купуваат куќи. Но во 2008, форинтата, злотата и другите централноевропски валути паднаа во однос на франкот, со што месечните исплати на оние кои зеле кредити високо скокнаа во споредба со домашните валути, а многумина од нив должеа повеќе отколку што вредат нивните куќи. Минатата недела, Унгарија, чии граѓани беа најентузијастички позајмувачи на франци во регионот, тргнаа да стават крај на мизеријата која ги снајде.

Гневот кон странските банки кои великодушно даваа кредити на швајцарски франкови му помогнаа на унгарскиот премиер Виктор Орбан да дојде на власт во 2010 година. Неговата влада донесе закон со кој им се дозволува на Унгарците да ги отплаќаат своите заеми по поволни каматни стапки, и ги скротија многу непопуларните банки со дополнителни даноци. Но, Врховниот суд на Унгарија досуди дека оние кои зеле заеми исто така сносат дел од одговорноста за укинување на заемите во валута на која тие немаа заработувачка. Тоа доведе до сегашниот компромис, со што им се овозможи на стотици илјади зематели на заеми да ги претворат неподносливите отплати во висина од 11 милијарди долари од франци и евра во форинти, но по пазарна стапка.

Надежта на владата е дека банките сега ќе почнат пак да даваат кредити, со што ќе се зајакне економскиот раст. Но Унгарија е се уште не баш најпосакуваното место: законот за „фер банкарство“ кој се уште се разгледува во парламентот, е со цел да се ограничат каматните стапки и месечните отплати, а двете ќе ги намалат профитите на банките.

Прифаќањето на франкот во Унгарија беше најекстремно во споредба со целиот регион – го достигна врвот во 2009, а кредитите во странски валути достигна повеќе од 70 проценти од долговите на домаќинствата. Но и другите не заостануваа. Во Полска, која е најголемата економија во регионот, регулаторите почнаа пред кризата да ги ограничуваат кредитите во странски валути; до 2009 тие достигнаа 38 проценти од заемите кои ги зеле домаќинствата. Оттогаш тие постојано паѓаат, затоа што банките престанаа да нудат хипотеки на основа на странски валути, па позајмувачите станаа посвесни за ризиците и постоечките заеми полека се намалуваа. Заемите во странски валути сега достигнуваат 30 проценти од долговите на домаќинствата, потпомогнати со каматни стапки кои го прават позајмиците во локалната валута попривлечни. Тоа е тренд низ цела Европа. „За четири или пет години, проблемот во целина ќе го снема“, вели Криштоф Пиетрашкиевич, шеф на полската Банкарска асоцијација.

Тоа не ги спречи политичарите со надеж да го следат патот на Орбан до власта со мобилизирање на иритираните должници во швајцарски франкови. Полската опозициска Партија на законот и правдата, крена врева во врска со помошта за оние кои позајмувале во „франкчиња“, исто како и полската Народна партија, која е дел од владеечката коалиција.

Австриските и италијанските банки кои беа најжестоките раздавачи на кредити со странски валути низ централна Европа, го поминаа неодамнешниот стрес тест од европските банкарски власти, а истото го постигнаа и најголемите унгарски и полски банки. Но Марек Белка, гувернер на Националната банка на Полска, истакна дека влогот за банките е висок. Полскиот банкарски супервизор проценил дека присилна конверзија на франкови во злоти по вештачка ниска стапка, би ги чинело и до 13 милијарди долари. Хипотеките со деноминирани франкови се исто така помеѓу највредните активи: помалку од три проценти од нив се во долгови (во Унгарија тој однос е близу една четвртина).

– Сега од користа во перспектива, можеме да видиме дека тоа беше грешка“, рече висок службен претставник во Банката на Австрија која издала многу заеми во франкови. „Повеќето од клиентите не го препознаваат ризикот и во некои случаи ние не ги информираме исправно“. Но постои и позитивна страна од приказната. Регулаторите низ регионот сега бара банките повнимателно да ја испитаат способноста на нивните клиенти за отплата на заемите; и банките и нивните муштерии станаа многу потпретпазливи. Централноевропските земји исто ги ревидираат процедурите за банкрот за да им олеснат на оние кои земаат заеми и се западнати во проблеми да ги остават долговите зад нив и да почнат од почеток.

Економист – Лондон

 

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он