Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска ќе се обрати на работилница за реформите на групата закони кои го уредуваат планирањето, изградбата и просторот.
На работилницата, која е во организација на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, ќе присуствуваат претставници од Владата, министерствата за транспорт и врски и за животна средина и просторно планирање, Инспекцискиот совет, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, Министерството за култура, Комората на овластени архитекти и инжинери, овластени градежни и урбанистички инспектори, како и од Градежниот факултет и Архитектонскиот факултет.