Продолжува реконструкцијата на водоводната мрежа во Виница

Од:

Со средства од Министерството за транспорт и врски ќе продолжи реконструкцијата  на водоводната мрежа во општина Виница. Предвидена е реконструкција на 3.971 метар водоводна линија во градот, односно замена на старите дотраени водоводни цевки со нови цевководи и објекти со потребната хидротехничка опрема во нив, со материјали кои одговараат на техничките прописи и норми. Реконструкцијата ќе се одвива во четири блока, а ќе бидат опфатени 16 улици.

Целиот проект чини 18 милиони денари, средства кои ги обезбедува Владата на Република Македонија. Во општина Виница водоводната линија е во должина од 32 километри, а досега се реконструирани околу 8 километри од кои најголем дел во 2001 и 2002 година, додека 650 метри се реконструирани годинава. Според најавите реконструкцијата треба да заврши во наредните осум месеци и со реализацијата на овој проект се очекува загубите на системот да се сведат на минимум и да се обезбеди квалитетно водоснабдување на граѓаните на општина Виница.

Би можело да ве интересира

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Се реконструира водоводната мрежа во дел од Автокоманда

А1он

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

А1он

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска