Презентирана интерактивна училишна табла реализирана со проект поддржан од ФИТР

Од:

Интерактивна табла наменета за училиштата, развиена во македонската компанијата „Вижн студио 2018“ преку проект реализиран со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), денеска беше презентирана пред ученици во просториите на Фондот во рамки на проектот „Петок за млади“ што се спроведува во ФИТР секој втор петок во месецот.

Таблата работи на тач технологија и има ниска цена на чинење. Преку забава и игри нуди учење на повеќе училишни области, како странски јазици, математика,.. При тоа користи бесплатен софтвер и нуди најмодерна настава иста како во сите развиени земји.

-Нашата цел е да дружиме и да ви укажеме како може преку размислување кое не е напишано во книга да стигнеме до некоја работа којаможе да ни го подобри животот на сите. Денеска ви го презентираме проектот Иновативна училишна табла преку кој може наставата да биде поинтересна за сите. Доколку вам ви се допадне таблата ќе може да се применува во сите училишта за да можат учениците да учат на поинтересен начин од досега, а при тоа да научат повеќе работи, им порача директорот на ФИТР Јован Деспотовски на присутните ученици.

Целта на настанот „Петок за млади“, како што рече, е пред учениците да се претстават иновативни проекти што ги поддржал Фондот, а учениците да излезат од училишните клупи и средини и да дојдат и во опуштена атмосфера да размислуваат критички и креативно.

Заменик министерот за образование и наука Петар Атанасов посочи дека желба на Владата е да се создаде дигитална Македонија.

-Светот отиде напред и се стана дигитално, а нашите системи бавно се прибилижуваа со години наназад. Сакаме образванието да го направиме малку понапред. Ние одиме зад вас учениците. Вие со вашите мобилни телефони и интернет сте малку понапред, а ние доцниме зад вас. Сакаме да направиме некакви промени за дојдеме пред вас и да ве пратиме, рече Атанасов.

Не скаме, додаде, кога ќе влезе наставник да вика сега исклучете ги мобилните, туку да каже земете ги мобилните телефони и отворете ја апликацијата.

Би можело да ве интересира

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју, открија ревизорите

A1on

МАСИТ: Цоневски со волонтерски ангажман во Комисијата, не подлежи на поднесување анкетен лист

Катерина Ѓуровски

Саша Максимовски ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФИТР: Почнува проектот за дигитализација на повеќе од пет милиони оргинални записи на Институтот „Крсте Мисирков“

Ана Ололовска