Презентација на анализата за искористување на ИПА фондовите на локално ниво

Од:

Анализата „Капацитети за искористување и програмирање на ИПА фондови на локално ниво – Студија на случај: општина Струмица“ ќе биде презентирана денеска во градот.

НВО Инфоцентар, Организацијата на жени од Струмица и Општина Струмица на прес-конференција ќе ги презентираат наодите од анализата.

Овој документ е дел од серијата студии на случај, во кои покрај општина Струмица, вклучени се Град Скопје, Битола и Тетово и во кои се анализираат и оценуваат постојните капацитети на општините за искористување и програмирање на ИПА фондовите.

Истовремено, овие студии ја анализираат соработката на општините со граѓанските организации и нудат препораки за зголемена апсорпција на европските фондови и подобра соработка со граѓанскиот сектор на локално ниво.

На прес-конференцијата ќе се зборуваат Коста Јаневски, градоначалник на Струмица, Билјана Бејкова, извршна директорка на НВО Инфоцентарот и Љупчо Петковски, истражувач и еден од авторите на студиите.

Настанот се организира во рамките на проектот „Локален консултативен механизам ИПА2“, кој го спроведуваат НВО Инфоцентар и Организацијата на жени од Струмица. Проектот е финансиран од Европската унија.

Би можело да ве интересира

Шахпаска: Продолжува поддршката од ИПА фондовите за реформи во областа на вработувањето и социјалните политики

Катерина Ѓуровски

Вархеји и одобри на Србија 94 милиони евра, пренаменети од ИПА фондовите

А1он

Милевски: Со ИПА II градиме добрососедски односи преку меѓуграничната соработка со Албанија

Ана Ололовска

Османи: Успешната апсорпција на ИПА средствата е основен двигател на европските перспективи

Ана Ололовска

Со ИПА грант реновирано училиште во кумановско Черкези

Наум Локоски

Инфо сесија за новата Програма за прекугранична соработка меѓу Македонија и Србија

Наум Локоски