Шахпаска: Продолжува поддршката од ИПА фондовите за реформи во областа на вработувањето и социјалните политики

Од:

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на видео конференција на секторската работна група „Образование, вработувања и социјалните политики и Интеграција на Ромите“, на која учествуваа и министерката за образование Мила Царовска, Никола Бертолини, шеф на одделот за соработка при Делегацијата на ЕУ во Скопје, претставници од донаторската заедница и граѓанскиот сектор, информира МТСП.

Во воведното обраќање министерката Шахпаска посочила дека како и за целиот свет и за нас како држава оваа година 2020 е година на предизвици и за здравствената и општата благосостојба на граѓаните и економската состојба на сите држави.

– Раст на невработеноста, односно губење на работните места на околу 17.690 лица, само за време на вториот квартал на годината, каде најпогодени се вработените од неформалната економија, самовработените и други лица кои се дел од ранливите категории, се на најголем удар на пандемијата која носи ризик и нивно втурнување во поголема сиромаштија, истакнала министерката Шахпаска.

Таа посочи дека состојбата би била многу полоша доколку Владата не преземеде итни мерки кои значеа полесно премостување на кризата од КОВИД-19. Тука се вклучени финансиската поддршка на најпогодените компании и граѓани.

– Кризата потврди и дека Северна Македонија има социјална заштита која дава резултати, преку мерките за невработените лица, олеснување на пристапот на Гарантирана минимална помош која директно влијаеше и во борбата против детската сиромаштија. Четвртиот пакет економски мерки вреден 27 милиони евра е наменет токму за најранливите категории на граѓани, вели министерката Шахпаска.

Според неа, Агенцијата за вработување која продолжи со реализација на Оперативниот план за активни програми за вработување и мерки, одговорила на предизвиците предизвикани од КОВИД-19 со проширување на опфатот на корисницитево мерките кои значат директна поддршка за стопанството и вклучување на посебни мерки што ги таргетираат лицата најпогодени од кризата предизвикана од пандемијата. Имплементација на Младинската гаранција е во тек, посочи Шахпаска, додавајќи дека регистрирани се 19.000 млади лица, од кои 31 отсто или се вработиле или се вклучиле во активна мерка за вработување.

Министерката Шахпаска се осврна и на реформите во социјалната и детска заштита, односно проширување на видот на социјалните услуги и нивно доближување до граѓаните во заедницата, но и вложување во раниот детски развој и образование преку проширување на капацитетите во градинките со поголем опфат на деца во нив.

– Како еден од приоритетите на Владата и Министерството за труд и социјална политика е и обезбедувањето на еднакви можности и заштита на граѓаните во државата. Оттука и новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација за кој се очекува и наскоро назначување и на Комисија за спречување и заштита од дискриминација, истакнала Шахпаска во обраќањето.

Таа посочи и дека наскоро се очекува поддршка од Собранието и за Законот за превенција од насилство врз жената и семејно насилство кој беше усвоен од Владата и се базира врз Истанбулската конвенција ратификувана во нашата држава.

Таа потсети и на вклученоста на земјава во Интернационалната иницијатива „Декада на Ромите“, преку стратегии и програми за интеграција на Ромите во општеството. Нашата земја, потенцира Шашпаска, е прва во регионот која воведува механизам за мониторинг на успешноста на политиките за подобрување на состојбата на Ромите.

Министерката Шахпаска го истакна и значењето на европската помош и поддршка, вклучително и значењето на ИПА фондовите за периодот 2021 – 2027 година, во областа на образованието, вработувањата и социјалната политика, вклучително и интеграцијата на Ромите.​

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска