Милевски: Со ИПА II градиме добрососедски односи преку меѓуграничната соработка со Албанија

Од:

Девет реализирани проекти и пет нови кои почнуваат од 2020 година е резултатот на Програмата за прекугранична соработка, помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија 2014-2020 како дел од претпристапна помош поточно ИПА фондови.

Програмата ИПА II ја поддржува прекуграничната соработка во поглед на унапредување на добрососедските односи, негување на интеграција кон Унијата и унапредување на социоекономскиот развој, потврди министерот за локална самоуправа Горан Милевски. Оваа Програма за прекугранична соработка го покрива периодот 2014-2020 година и е поврзана со финансиска перспектива на Европската заедница.

– Пограничната област меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија е окарактеризирана како една од помалку развиените области и една од областите со најнеповолни можности и услови за социо-економски развој на целиот европски континент поради руралниот, планинскиот карактер на областа за прекуграничка соработка. Дополнително, тековниот развој на областа, опфатена со Програмата, потекнува од група историски, демографски, политички, географски и економски фактори, коишто не можат да се надминат во краток временски период, рече Милевски.

Според него од реална гледна точна, не може да се очекува областа опфатена со Програмата брзо да расте, иако се стреми кон побалансиран, инклузивен и одржлив социоекономски развој преку тестирање на нови инструменти и решенија, учење од другите региони и мобилизација и експлоатација на ендогениот потенцијал. Ова може да доведе до повисок животен стандард, самодоверба и до социјална сигурност.

– Програмата се фокусира на три тематски приоритети од Регулативата за ИПА II, коишто произлегуваат од анализа за потребите и можностите. Поттикнување на туризмот и културното и природното наследство, подобрување на конкурентноста, економијата, трговијата и инвестициите и заштита на животната средина, унапредување на приспособувањето на климатските промени и миграцијата, заштита и управување со ризик. Програмата за прекугранична соработка вклучува и приоритет за техничка помош, додаде Милевски.

Техничката помош ќе обезбеди добро управување со Програмата за време на нејзиното спроведување и развој на капацитетите на релевантните засегнати страни. Распределувањето на финансиите за овој приоритет изнесува 10% од буџетот на Програмата.

– Индикативна распределба на буџетот за тематските приоритети претставува консензус меѓу начелото за фокусирање комбинирано со балансирана дистрибуција на средствата. Исто така, се обрна внимание на капиталниот интензитет на веројатните проекти и фактичкото рангирање на тематски приоритет каде туризмот, културното и природното наследство беа најпретпочитани теми за поддршка, рече Милевски.

Од 2014 до 2020 година се издоени средства од ЕУ во висина од 11 900 000 евра за Операции тематски приоритети – 10 710 000 евра, 85% од ЕУ останатите од Министерство за локална самоуправа, Техничка помош изнесува во износ од 1 190 000 евра која 100% ја покрива ЕУ.

Во рамки на овој проект Пелагонискиот регион опфаќа 9 општини : Битола, Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани, Крушево, Могила, Новаци, Прилеп и Ресен; Полошкиот регион опфаќа 9 општини: Боговиње, Брвеница, Гостивар, Јегуновце, Маврово и Ростуша, Теарце, Тетово, Врапчиште и Желино;Југозападниот регион опфаќа 9 општини: Центар Жупа, Дебар, Дебарца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Плашница, Струга и Вевчани.

Во Република Албанија пак ги опфаќа Регионот Дибра, Булкиза, Бурели, потоа Регионот Елбасан, Церику ,Грамши, Либражди и Пеќини, Регионот Корча ги вклучува областите Деволи, Колонја и Поградец.

Заеднички комитет за мониторинг е телото кое ги донесува одлуките за Програмата за прекугранична соработка и е одговорно за следење на ефективноста и квалитетот на спроведувањето на неа.

Министерството за локална самоуправа освен со Албанија, меѓуграничка соработка има и со Грција, Косово и Бугарија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска

Со отвора новата ИПА3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка со Грција во вредност од 33 милиони евра

Ана Ололовска