Повратот на персоналниот данок во тек, до 31 декември 17.000 земјоделци ќе добијат вкупно 80 милиони денари

Од:

Околу 17.000 земјоделци до 31 декември годинава треба да добијат поврат на персоналниот данок на доход во износ од вкупно 80 милиони денари. Повратот се однесува за приходот од продажба на земјоделски производи кои земјоделците го оствариле во 2018 година.

Министерот за земјоделство, Трајан Димковски и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска денеска на прес-конференција во Владата ќе соопштат детали околу исплата која е во тек.

Димковски на почетокот од месецов соопшти дека е завршена проверката на списоците со земјоделците кои ги исполнуваат условите за поврат и апелира тие да ги ажурираат трансакциските сметки за непречена исплата на средствата.

Услов за поврат на персоналниот данок е земјоделците, покрај остварениот приход од продажба на примарни производи, да немаат остварено други приходи, по некој друг основ, кои се исто така оданочени со персонален данок. Нема да добијат поврат на средства оние земјоделци што се во работен однос или остваруваат приходи од закуп или од игри на среќа, како и оние што се пензионери.

Физичките лица, пак, кои ќе го надминат прагот од еден милион денари остварен приход, имаат обврска согласно закон да регистрираат дејност во надлежен регистар. Регистрирањето може да го направат со запишување во Регистарот во Министерството за земјоделство како индивидуални земјоделци или во Централниот регистар како трговци-поединци или како правни лица.

Со последните измени на Законот за персонален данок на доход донесени во 2018 година, се зголеми прагот за остварени приходи од продажба на земјоделски производи од 300.000 на еден милион денари, а граѓаните чија основна дејност е земјоделството, стекнаа право на поврат на данокот на доход во износ до 20.000 денари. Дополнително, беа ослободени од административни процедури како што е поднесувањето барање за регистрација како даночни обврзници и плаќање административни такси.

Би можело да ве интересира

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг

Спречена измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Орце Костов