Постигнат договор на лозарите со винарската визба „Винеа“

Од:

Постигнат е договор помеѓу лозарите и винарската визба „Винеа” за исплата на грозјето, информира претседателот на регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија”, Љупчо Аризанов.

Лозарите од Тиквешко неколку дена протестираа поради неплатено грозје блокирајќи го патот Градско-Прилеп кај Росоман.

– Денеска добивме писмена гаранција дека лозарите ќе ги добијат своите пари. Имено, претставниците на винарската визба „Винеа” која на лозарите им должи над 600 илјади евра дадоа ветување дека парите за грозјето од 2009, 2010 и 2011 ќе ги добијат до 5 март оваа година. Парите пак за ланското грозје се спогодивме да ги исплатат до законскиот рок, 30 април. Гаранциите беа дадени во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во присуство на министерот Љупчо Димовски и Румен Стаменов, директор на државниот инспекторат за земјоделство, соопшти Аризанов.

Тој посочи дека околу петнаесет лозари, кои биле на преговорите, изразиле задоволство од постигнатото. Сепак, одлуката дали ќе биде дигната блокадата ќе се донесе дополнително.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

За првпат ќе се утврдува производствена цена за килограм винско грозје, предлог-законот за вино помина во прво читање на Комисијата за европски прашања

МЗШВ: Владата ги усвои програмите за поддршка на малите производители на храна и малите производители на вино за 2024 година

Ковачевски од Кавадарци: Македонското вино го издигнавме на 13 место во светот, расте и девизниот прилив

Производството на вино во Европа достигна 16,1 милијарди литри

Предраг Петровиќ

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор