МЗШВ: Владата ги усвои програмите за поддршка на малите производители на храна и малите производители на вино за 2024 година

Од:

Како предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги усвои програмата за поддршка на малите производители на храна и програмата за поддршка на малите производители на вино, за 2024 година.

„Преку овие програми како министерство обезбедуваме грант поддршка до 10.000 евра за малите производители на храна и малите винарии, поддршка за набавка на опрема за производство. Нашата успешна приказна во развојот на малите семејни винарии ја започнавме уште во 2019 година, преку законските измени во законот за вино, олеснувајќи ги критериумите, со кои овозможивме регистрација на физички лица како производители на вино. На овој начин го отворивме патот за развојот на малите семејни винарии, кои денес прераснаа во наша гордост и препознатлив бренд на нашата држава.

Од тогаш, до денес бележиме бројка од вкупно 173 регистрирани мали семејни винарии, само во минатата 2023 година бележиме регистрација на нови 91 мала семејна винарија. Изминативе две години доделивме 145 договори за грант до 10.000 евра за мали семејни винарии, помагајќи ги да набават опрема за производство. Минатата година креиравме и програма за поддршка на малите производители на храна. Само во една година доделивме 148 договори со вкупна вредност од над 1,3 милиони евра, преку кои даваме грант поддршка за малите производители на храна од неживотинско потекло, во набавка на опрема. Договори со кои поддржуваме најразлични традиционални производства.

Интересот за оваа програма беше голем кај земјоделците. Ваквиот голем интерес дури ги надмина и нашите најоптимистички очекувања, како министерство. Кога започнавме со креирање на програмата за поддршка на малите производители на храна, пред нас си поставивме една цел, а тоа беше да се обидеме, преку оваа поддршка во следните, две до три години, да достигнеме до бројката од 2.000 регистрирани мали производители на храна. Во оваа наша цел, заедно со вас, успеавме уште во првата година. Денес имаме вкупно 2.508 регистиран оператор со храна од животинско и неживотнско потекло, во Агенцијата за храна и ветеринарство. Или само во оваа година имаме нови 1.540 регистрирани опрератори со храна од животинско потекло и 420 нови регистрирани опрератори од неживотинско потекло. Нашата поддршка за малите производители на храна и пијалоци не застанува само со овие програми. Даваме поддршка во органзиирање на локални манифестации и меѓународни саеми, каде можеме да ги промовираме убави производи подготвени од малите производители на храна и пијалоци“, велат од МЗШВ.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Николовски: Зголемена откупна цена и поголеми приходи на лозарите преку новиот Закон за виното донесен од СДСМ

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата