За првпат ќе се утврдува производствена цена за килограм винско грозје, предлог-законот за вино помина во прво читање на Комисијата за европски прашања

Од:

Предлог-законот за вино, со којшто за првпат ќе се утврдува производствена цена за килограм винско грозје, денеска го помина првиот собраниски филтер во Комисијата за европски прашања.

Пресметката на трошоците за производство ќе ја врши високообразовна или научна институција од областа на земјоделството. За заштита на производителите на винско грозје, беше кажано, најдоцна до 15 јули во тековната година, за најмалку две најзастапени сорти.

Борче Јовановски, раководител на сектор во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, рече дека станува збор за законско усогласување со новите правила на Европската Унија.

За пратеникот Здравко Трајанов од ВМРО-ДПМНЕ ова е предизборно манипулирање со чувствата и потребите на лозарите, протнување на закон пред избори, без широка дебата.

Пратеничката од СДСМ, Лолита Ристова рече дека како претставник што доаѓа од крајот на виното, го поздравува тоа што по подолг период, ќе има европско и перспективно решение. Таа нагласи дека ова е очекувано решение од населението што посака тоа што поскоро да биде донесено. Таа нагласи дека биле консултирани и лозарите и винарите, имало три јавни расправи и било можно да се даваат забелешки. Консултирана била јавноста, а следувала и поголема поддршка за лозарите со законот. Таа подвлече дека станува збор за стратешка гранка што ја јакне економијата.

Членовите на Комисијата, во прво читање го прифатија и предлог-законот за Канцеларија за поврат на имот, при што беше образложено дека станува збор за меѓународни стандарди во законска рамка и дека со ова ќе се преземат значајни активности.

Во прво читање на Комисијата за европски прашања помина и предлог-законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка.

На седницата беше образложена потребата за носење на предлог-законот. Дел од пратениците посочија дека со ова ќе се надминат досегашните проблеми во оваа сфера, преку воведување нови механизми, согласно европските и меѓународните стандарди.

Беше образложено дека согласно директивата, земјите-членки се охрабруваат да дозволат конфискуваниот имот да се користи за јавен интерес или за социјални цели. Оттука, се предлага унапредување на одредбите за социјално повратно користење на привремено одземениот имот, трајно одземениот имот и конфискуваниот имот, беше образложено на седницата, меѓу другото.

Пратеници од опозицијата критикуваа, прашувајќи, која е логиката, на веќе распишани избори, да се форсираат законски решенија, што, спорен нив не се итни и немаат потреба од европско знаменце. Во сево ова, тие препознаваат скриени намери и подметнување од страна на власта.

На седницата на Комисијата за европски прашања, во прво читање помина и предлог-законот за авторски права.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

МЗШВ: Владата ги усвои програмите за поддршка на малите производители на храна и малите производители на вино за 2024 година

Ковачевски од Кавадарци: Македонското вино го издигнавме на 13 место во светот, расте и девизниот прилив

Производството на вино во Европа достигна 16,1 милијарди литри

Предраг Петровиќ

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Владата го усвои новиот закон за вино – по прв пат гарантирана цена на винското грозје и заштита на географските вински ознаки