Поништен тендерот за набавка на гумени ленти за РЕК Битола

Од:

АД ЕЛЕМ денеска соопшти дека е поништен тендерот за набавка на гумени ленти за потребите на РЕК Битола поради тоа што на последната аукција се понудени повисоки цени од планираниот буџет за нив.

– Раководството на АД ЕЛЕМ донесе одлука да го поништи тендерот за набавка на гумени ленти за РЕК Битола. Причина е тоа што на последната, трета аукција, понудените цени во четири ЛОТА се повисоки од планираниот буџет за нив, додека во еден ЛОТ понудената цена е повисока од реалната на пазарот, се вели во соопштението.

Од компанијата појаснуваат дека доколку нема жалби на одлуката и доколку одлуката за поништување на тендерот стапи на сила, тогаш веднаш ќе се пристапи кон распишување на нов тендер бидејќи гумените ленти се неопходни за да може РЕК Битола непречено да работи.

Вкупниот буџет планиран за сите четири лота изнесува 258.300.000,00 денари.

Од АД ЕЛЕМ информираат и дека предметот во врска со тендерот за ископ на јаглен во РЕК Битола сеуште е на одлучување кај Државната комисија за жалби по јавни набавки. Оттаму АД ЕЛЕМ очекува одлука и насоки како да постапи во врска со оваа јавна набавка.

Би можело да ве интересира

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

Орце Костов

ЕСМ: Ставен во функција Блок 2 на РЕК Битола, подготвен за работа е и Блок 1

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: Од денес во РЕК Битола не се произведува електрична енергија

Горан Наумовски

Николоски: Дали е случајно што РЕК Битола во време на Васко Ковачевски на иста фирма дава два тендери со исти суми, и двата со исти анекси од 20%

Реакција на ЕСМ за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Митева: За да крадат на ископ СДС и ДУИ ја поништија набавката на механизација на Мицкоски од 2017