Полска потврди, запрена е испораката на гас од Русија

Од:

Полскиот снабдувач со гас PGNiG сега потврди дека испораките на руски гас во земјата се прекинати.

PGNiG увезе повеќе од половина од својот гас преку Гаспром во првите три месеци од оваа година, но Варшава вели дека ќе се справи без руски гас и дека може да го набави на друго место.

Газпром утрово ја сопре испораката и кон Бугарија.

Бугарија вели дека веќе целосно ги платила испораките на гас во април и го обвини Гаспром за прекршување на договорот.

„Во моментов гасот повеќе се користи како политичко и економско оружје во актуелната војна“, изјави бугарскиот министер за енергетика Александар Николов.

Тој додаде дека Бугарија го следи ставот на ЕУ да не попушта пред барањата на Русија да почне да плаќа во рубљи.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина