Поедноставни постапки за прекршоци од комуналната дејност, бараат инспекторите

Од:

Комуналните инспектори се ефикасни на терен, но има проблем во делот на регулативата за санкционирање на прекршоците, оцени денеска претседателот на Здружението на комунални инспектори (ЗКИ) на РМ Гоце Георгиев.

– Наместо да бидат поедноставени, постапките од година во година стануваат се посложени, а инспекторите имаат многу големи проблеми при извршувањето на секојдневните активности, поради што се потребни законски измени, изјави Георгиев, одговарајќи на новинарски прашања на годишното собрание на ЗКИ.

Тој информира дека се неопходни измени на законите за јавна чистота, за зеленило, за погребални услуги, и за водоснабдување, за кои ќе разговараат со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Како што нагласи Сугарески во обраќањето на годишното Собрание на ЗКИ, Министерството за транспорт и врски и тој како ресорен министер во натамошниот период ќе се залагаат за подобрување на работата на комуналните инспектори. – Ве охрабрувам сите да дадете идеи и придонес во унапредување на вашата професија. Ви стојам на располагање и заеднички ќе се обидеме да направиме подобра иднина на професијата комунален инспектор. Но, во ниту еден случај нема да прифатам неспроведување на законите и прописите што поизлегуваат од рамките на вашите надлежности, рече Сугарески.

Здружението на комунални инспектори на РМ со годишното собрание одбележа 15 години од основањето. Во него членуваат над 100 активни комунални инспектори.

Би можело да ве интересира

Како новороденчето добило сепса – Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на бебето

Анита Петровска Рајковиќ

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска