Почнува примената на новиот Правилник и Закон за урбанистичко планирање

Од:

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска го потпишал Правилникот за урбанистичко планирање, со што се овозможува примена на новиот Закон за урбанистичко планирање.

-Ќе овозможиме вистински развој на урбаните средини преку рационално и хумано планирање на просторот, рече Бочварски на прес-конференција во Владата, посочувајќи дека законот овозможува вистинско вклучување на јавноста во креирање на реалните потреби и состојби во планирањето на просторот.

Според него, се воспоставуваат сериозни регулации во делот на донесувањето на урбанистичките планови и заштитата на зеленилото, како што е предвиденото двојно гласање во Советот преку партиципативно тело во кое ќе учествуваат граѓани, стручни лица, фелата, советничките групи, кои ќе имаат целосен увид во носењето на деталните урбанистички планови.

-Апелирам и барам вклученост на граѓаните. Ова е идеален правилник преку кој можат да се вклучат сите, но од овде натаму останува вклученоста на граѓаните да не се доведуваме во ситуација по донесени ДУП-ови да излегуваат реакциите на граѓаните бидејќи тогаш таа реакција реално е и задоцнета. Токму поради ова Правилникот беше целосно усогласен со фелата, архитектите, професорите, коморите, граѓанските здруженија. Во текот на носењето се вградени 410 ставови, во законодавно-правниот аспект 330. Правиме сериозна регулација на просторот. Можеме да бидеме уверени и убедени дека урбанизмот ќе биде вистинска алатка за вистински развој на државата, а не нешто преку кое ќе се врши узурпација на просторот, појасни Бочварски.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска