По американските санкции, Унгарија ја напушта Меѓународната инвестициска банка

Од:

Унгарската влада одлучи да ги повлече своите претставници и да излезе од Меѓународната инвестициска банка (IIB), објави унгарското Министерство за економија, откако САД воведоа санкции за банката поради нејзините врски со Русија.

Вчера САД воведоа санкции за тројца високи функционери на IIB во Будимпешта, Русите Николај Косова и Георги Потапов и Унгарецот Имре Ласлочко.

Вашингтон рече дека Унгарија ја игнорирала загриженоста на САД за IIB, „нетранспарентна платформа на Кремљ“, чие седиште беше преместено од Москва во Будимпешта во 2019 година.

IIB е мултилатерална развојна банка основана во 1970 година од членови на поранешниот Варшавски пакт. По распадот на Советскиот Сојуз, членството почна да опаѓа. Полска се повлече од IIB во 2000 година, а Чешка и Словачка минатата година, откако руските трупи влегоа во Украина.

Романија и Бугарија најавија повлекување од IIB во јуни и август оваа година, соодветно. На крајот на јануари, Унгарија имаше удел од 25,27 отсто во IIB и беше втор најголем акционер, по Русија со 45,44 отсто, според веб-страницата на банката, на која како членки се и Куба, Виетнам и Монголија.

Американскиот амбасадор во Унгарија Дејвид Пресман изјави денеска дека САД изразиле загриженост за присуството на банката, но дека, за разлика од другите сојузници на НАТО, унгарската влада ги отфрлила тие грижи, продолжувајќи да биде домаќин на IIB.

„Загрижени сме поради континуираната подготвеност на унгарските лидери да ги прошират и продлабочат врските со Руската Федерација, и покрај бруталната руска агресија против Украина и заканата за трансатлантската безбедност“, рече Пресман.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон