Пандемијата не ги запира градежниците: во јуни издадени дозволи за градби вредни 210 милиони евра

Од:

Во јуни годинава се издадени 273 одобренија за градење што е за 35,1 отсто повеќе во однос на истиот месец лани. Предвидената вредност на објектите изнесува 12.913.000.000 денари (209.8 милиони евра), што е зголемување за 469 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 142 или 52 отсто се за објекти од високоградба, 54 или 19,8 отсто се за објекти од нискоградба и 77 или 28,2 процента за објекти за реконструкција. Од вкупно 273-те објекти, на 159 или 58,2 отсто инвеститори се физички лица, а на 114 или на 41,8 отсто објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 519 станови, со вкупна корисна површина од 45.634 метри квадратни.

-Зголемената предвидена вредност се должи на фактот дека во наведениот период се издадени одобренија за градење на објекти од нискоградбата со поголеми вредности, како магистралниот транспортен гасовод во Пелагонискиот регион, делница 5 од магистралниот гасовод во Полошкиот регион, биогасната и ветерна електроцентрала во Вардарскиот регион, далноводот од Битола до македонско-албанската граница во Југозападниот и во Пелагонискиот регион, наведува Државниот завод за статистика.

Би можело да ве интересира

Се намалува интересот за градење, издадени една третина помалку одобренија за градба

Орце Костов

(ВИДЕО) Тепачка на Водно: инвеститор му удрил бокс на сосед оти се пожалил дека му ги искинале каблите за телевизија

Маја Илиевска-Пачемска

Бочварски вели дека со измените на Законот за градење се олеснуваат процедурите

Жарко Настоски

Министерство за финансии нетранспарентно, цел месец не кажува како е приватизиран спорниот двор на Водно

ВИДЕО: Спорниот двор на Водно е откупен со лажна изјава, ќе се преиспитува приватизацијата

Маја Илиевска-Пачемска

Во април издадени за една третина повеќе дозволи за градење од лани

Жарко Настоски