Охридска банка Сосиете Женерал-Најдобра банка во Македонија за 2016 година

Од:

Престижниот интернационален финансиски магазин „Еurоmoney“ ја награди Охридска банка Сосиете Женерал со наградата „Најдобра банка во Македонија за 2016 година“.

Оваа реномирана награда е уште една потврда за успешното работење на банката, што покрај успешните резултати, несомнено се должи и на континуираниот оперативен развој, диверзификацијата на портфолиото, како и на професионалната посветеност на сите вработени во насока за задоволување на потребите на клиентите на финасискиот пазар во секоја сфера на финансиското работење, наведуваат од банката.

„Наградата од „Еurоmoney“ е значајно признание за нашата секојдневна работа посветена на најдоброто, производите и на услугите што им ги нудиме на нашите клиенти, финансиската стабилност, профитабилноста, ликвидноста и солвентноста на пазарот на којшто работиме. Оваа награда им ја посветуваме на сите наши клиенти кои континуирано ни ја даваат својата доверба и поддршка, што за нас претставува мотив да продолжиме во истата насока”, изјавува Бранка Павловиќ, претседател на Управниот одбор на Охридска банка Сосиете Женерал.

„Euromoney“ претставува водечки авторитет на светските банкарски пазари. Тој преку својот единствен и уникатен пристап до најважните и највлијателните финансиски анализи обезбедува досега несоборливи инпути и информации до луѓето и деловните субјекти, кои го предводат развојот на финансиските пазари.

Пристапот преку кој новинарскиот тим на „Еurоmoney“ ги дефинира постулатите на успех во банкарскиот сектор е основната платформа за доделување на наградите за најдобра банка, покривајќи преку 100 земји насекаде низ светот, со што воедно претставува и најчесто користена референтна основа за оцена на постигнатите деловни успеси во полето на банкарското работење. Повеќе од 50.000 банкарски клиенти годишно активно учествуваат во барем едно од многуте истражувања што „Еurоmoney“ ги прави на полето на девизните пазари и размена, приватното банкарство и во управувањето на готовинските текови, а кои според квалитетот и објавените резултати се препознаени и признати како најважни и најреферентни во целокупниот банкарски сектор.

Ова е втора награда којашто е доделена на Охридска банка Сосиете Женерал од страна на „Еurоmoney“ во оваа категорија. Првата ваква реномирана награда Охридска банка Сосиете Женерал ја добива во 2010 година, кога за првпат е прогласена за најдобра банка во Македонија, соопштуваат од Банката.

Би можело да ве интересира

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

Рабије Мурати и Антонио Митриќески добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“

Доделена државната награда „22 Ноември“

Орце Костов

Познати добитниците на наградата „13 Ноември“

На натпреварот доби вила вредна 3,5 милиони евра: Од неа се исели по 3 дена за да не го загуби животот

Предраг Петровиќ

Наградата „Книжевен жезол“ за поетите Весна Ацевска и Новица Ѓуриќ