Огласувачите да ги зголемат буџетите за дигиталните издавачи во Македонија

Од:

Претседателот на ИАБ Македонија, Борис Ефтимовски, ги повика најголемите огласувачи во Македонија во своите буџети за реклама за наредната година да го зголемат делот предвиден за огласување преку домашните веб-портали.

„Очекуваме од домашните компании и медиумски агенции во своите буџети за наредната 2019 година да издвојат поголем дел за дигиталните издавачи и македонски веб-портали, пропорционално на импактот што тие го имаат во секојдневието на македонските граѓани“ – вели Ефтимовски и надополнува: „Просто неверојатно звучи податокот дека третата најголема национална телевизија има поголеми приходи од водечките 30 македонски веб-портали заедно. Овој сооднос помеѓу огласувањето на двата водечки канала, телевизијата и интернетот, е неприфатлив и целосно не одговара на улогата што веб-порталите ја имаат во општеството во делот на информирање, едукација, забава и во севкупното поминато време на медиумско консумирање“.

Според него, огласувачите треба дополнително да го поддржат развојот на квалитетните веб-портали во Македонија и процесот на саморегулација, преку поголема застапеност на веб-медиумите што го прифаќаат Етичкиот кодекс на ИАБ во своите медиумски планови.

ИАБ Македонија е дел од интернационалната мрежа IAB Worldwide со седиште во Њујорк, која претставува најголема глобална мрежа што ги обединува медиумите, маркетинг-агенциите и огласувачите со цел развој на онлајн огласувањето.

Би можело да ве интересира

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on