Одложено воведувањето фискални со ГПРС за таксистите

Од:

Такси превозниците добија пролонгирање на рокот за инсталирање фискални апарати со ГПРС уред. Рокот, согласно Одлуката на Владата, за 9.000 авто-такси превозници се продолжува до 31 декември 2015 година.

Рокот за сите други обврзници за да инсталираат вавки уреди беше до 31 јануари 2015 година. Управата за јавни приходи со ставањето во функција и имплементација на новиот интегриран систем за фискализација и воведувањето на 54.555 фискалните апарати со ГПРС, отпочна со он-лајн следење на готовинскиот промет од секој фискален апарат, односно следење на финансиските извештаи и прометот на даночните обврзници во реално време.

Сите даночни обврзници кои вовеле фискален апарат со ГПРС уред, потребно е да отпочнат процедура за дерегистрација на старите фискални каси доколку не го сториле тоа досега.

Дерегистрацијата на старите фискални каси без ГПРС се врши со поднесување пријава за престанок на регистрација на фискален систем на опрема (образец ФА-03) која може да се преземе од веб страницата на УЈП (преземи http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/13).

Во договор со овластениот производител, образецот ФА-03 во име на даночниот обврзник може да го поднесе и овластениот производител од каде е набавен фискалниот уред. Пополнетата Пријава “ФА-03“ може да се поднесе и до даночните канцеларии на УЈП.

Би можело да ве интересира

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг

Спречена измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Орце Костов