Новата развојна банка – ривал или партнер?

Од:

Гласот на Америка – Вашингтон

Експертите наведуваат дека земјите кои не се членки, како САД, ја пропуштаат шансата да помогнат во утврдување на Азиската инфраструктурна, инвестициска политика, која официјално почна со работа на 15 април.

Иран неодамна, покрај 34 држави стана членка на Азиската инфраструктурна инвестициона банка. Целта на новата развојна банка, која кон крајот на минатата година ја основаше Кина, е да обезбеди мултилатерално финансирање на инфраструктурни проекти во Азија. Банката, на која се приклучија се повеќе земји, некои ја гледаат како ривал на Светска банка, како и средство за искажување на економската моќ на Пекинг. За тоа, во дел може да се обвини Вашингтон. Ни Светската банка ни Азиската банка за развој не можат да ги финансираат сите планирани проекти. Тука настапува Азиската инфраструктурна инвестициона банка, вели Ејми Стадарт од Центарот за стратешки и меѓународни студии.

– Во Азија постои огромен инфраструктурен јаз. Самата Светска банка проценува дека треба да се инвестираат 2,5 илјади милијарди долари само во јужна и југоисточна Азија.

Некои наведуваат дека неуспехот на американските законодавци во усвојување на реформите во ММФ и Светска банка, кои би овозможиле на економиите во развој повеќе да се прашуваат, можеби отвори пат за потезите на Пекинг.

– Додека не се усвојат тие реформи, постои ризик од слабеење на доминантната улога на САД во овие институции, посебно додека другите воспоставуваат нови и паралелни организации – наведе секретарот за финансии Џек Лу.

Официјално, САД ја препознаваат потребата за основање на институции како Азиската инфраструктурна инвестициона банка, но зад затворени врати обвинуваат дека вршат притисок на сојузниците и се држат подалеку од таа органзиација. Се работи за тактика која можеби не е толку успешна. До сега 35 земји се приклучија на банката, вклучувајќи ги Британија, Франција и Германија. Зошто да не, вели поранешниот менаџер во банката Голдман Сакс, Џим ОНил. – Тоа само може да биде добро за светската економија. Во оваа дебата единствено изненадува тоа што другите не мислат дека тоа е добра идеја. Искрено, мислам дека поради тоа САД ја прави по малку теснограда.

Меѓутоа, можеби постои причина за оваа внимателност. Ејми Стадарт вели дека раководењето со институции под водство на Пекинг, кој е далеку од транспарентен, може да биде проблематично за земјите членки.

– Развојната заедница и понатаму е загрижена затоа што тука станува збор за Кина. Процесот е многу нетранспарентен. Не е јасно дали било каква иницијатива или обид да се утврдат стандардите на управување, кои би овозможиле соодветна контрола, долгорочно ќе даде резултати.

Постои загриженост дека Кина би можела да ја употреби банката за свои геополитички интереси. Тоа не мора да биде случај, вели претседателот на Светска банка Џим Јонг Ким кој планира да има блиска соработка со оваа, како и со Новата развојна банка која ја основаа членките на БРИКС, Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската република.

– Светска банка смета дека овие развојни банки потенцијално се многу силни сојузници во надминување на огромните јазови каков што е инвестицијата во инфраструктурите во земјите во развој. Експертите наведуваат дека земјите кои не се членки, како САД, ја пропуштаат шансата да помогнат во утврдувањето на политиката на новата инвестициона банка, која официјално почна со работа на 15 април.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски