Железничкиот сообраќај во Македонија е нормализиран откако е исплатен вториот дел од платата на машинскиот и извршниот персонал во МЖ Транспорт ад Скопје, што беше причина за блокада на товарниот и патничкиот железнички транспорт во изминатите два и пол дена.
Душко Чакаровски, машиновозач во МЖ Транспорт ад Скопје за МИА потврди дека веќе се префрлени парите на сметките на вработените за доисплата на октомвриската плата и оти сите возои, и патнички и товарни, ќе се сообраќаат согласно редовниот возен ред. Првите возови ќе тргнат по 16 часот и тоа од Скопје за Кочани, Гевгелија и Кичево.