МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

Од:

Министерството за здравство информира дека не се планирани исписи од странски медицински центри за викендов и во моментот се лекуваат 48 пациенти надвор од државата.

Состојбата на пациентите останува непромената, односно остануваат во критична состојба пациентите за кои и претходно информиравме, додека останатите пациенти се во стабилна состојба.

Во болниците во земјава во моментот се лекуваат 10 пациенти, од кои четворица во Хируршка клиника ,,Св. Наум Охридски” три на Клиника за пластична хирургија, двајца пациенти во приватната болница „Систина“.

Во ГОБ „8 Септември“ еден пациент во моментов е на лекување, додека вториот, кој беше вратен од Анкара е прегледан и пуштен на домашно лекување.

Исто така, на Клиника за пулмологија, во изминатото деноноќие е прегледан и пуштен на домашно лекување пациент кој е вратен од Марибор.

Министерството за здравство активно ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.

Би можело да ве интересира

Уште 11 повредени во пожарот во Кочани остануваат во странски болници

„Кој е следен“ со поддршка за утрешниот „Марш на ангелите“ во Кочани

Судот го прифати предлогот на Обвинителствo – Крешник Бектеши оди во куќен притвор

А1он

Премиерот подготвен да оди во Кочани и да разговара со родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“

А1он

(ВИДЕО) „Инспекциите спиеле, децата не се разбудија“ – протестен марш на родителите на загинатите во „Пулс“

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Се сослушуваат сведоци коишто се поврзани со трагедијата во Кочани