Обвинителство во судница презентираше видеа од настапот на ДНК и моментот кога избувна пожарот во „Пулс“

Од:

Обвинителот Дарко Јакимовски на денешното рочиште продолжи со презентирање електронски докази и видеа поврзани со настапите на музичката група ДНК, како и снимки од критичната вечер кога избувна пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Тој појасни дека доказите се прибавени од социјални мрежи, медиумски објави и од видеа снимени од присутни лица. Според Обвинителството, материјалите се релевантни за утврдување на начинот на сценски настап на групата, користењето пиротехника и моментите непосредно пред и по избувнувањето на пожарот.

Јакимовски истакна дека видеата покажуваат дека групата имала јасно дефиниран сценски распоред, кој се повторувал на повеќе настапи, а пиротехничките средства биле користени и во затворени простори. Особено внимание беше посветено на движењето на починатиот член на групата, Мартин Атанасов-Буци.

Обвинителот продолжи со прикажување видеа од самата критична вечер, на кои се гледа моментот на активирање на огнометот и почетокот на пожарот.

На некои од снимките се гледа и излезот од дискотеката од надворешната страна, каде што голем број луѓе се обидуваат да излезат преку една единствена врата.

Јакимовски потенцира и на моментите кога се активирале прскалките, како и на точната локација, на која, според видеата, почнал пожарот.

Би можело да ве интересира

Сведок тврди: Обвинетите полицајци од Пробиштип биле испратени во Кочани без да знаат дека ќе вршат контрола во дискотеката „Пулс“

ВИДЕО: Семејствата на жртвите во „Пулс“ повикаа на донации за меморијален парк

Катерина Ѓуровски

Вештак на судењето за „Пулс“: Документацијата за дискотеката била делумна и немала правна важност

Братот на престседателката на Кривичен суд меѓу новообвинетите за „Пулс“

Заврши сослушувањето на вештакот Русески за „Пулс“, остана на ставот дека немало реконструкција на објектот

Средба на министерот Клековски со повредени од пожарот во „Пулс“